Оваа статија се однесува за војникот на АРМ и учесник во Воениот судир во 2001 година. За фудбалерот, видете Игор Николовски (фудбалер).
Игор Николовски (, – , Општина Ѓорче Петров, ) — македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 26 март 2001 година кај караулата Чашка, на местото Чело, во несреќен случај.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
Животопис Живот, војната 2001 година и смрт
Игор Николовски е роден во 1975 година во Скопје. Израснува во скопската населба Ченто. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил армиски резервист. Игор бил прв братучед со колумнистот Влатко Васиљ. По потрага по сигурноста и егзистенцијата на своето семејство, кон кое со целата емоцијаи љубов беше приврзан, Игор се определи да ја облече униформата и стапи во резервниот состав на Армијата на Република Македонија. Веруваше дека на тој начин му обезбедува мирно и безгрижно детство на својот син. Загинува на 26 март 2001 година кај караулата Чашка, на местото Чело, во несреќен случај. Николовски загинал додека бил во патрола на набљудувачките пунктови во тој дел на северната граница.
Во негова чест на плоштадот во населбата Хиподром е поставено спомен плоча. Погребан е на гробиштата Камник во населбата Ченто. Игор Николовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Николовски во жалост го остави своето семејство, сопругата и синот.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски бранители