300px|мини|Поглед кон Големата џамија во Нзерекоре Религијата во Гвинеја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 85% од населението се муслимани а 8% се христијани додека 7% припаѓаат на останатите религиозни групи или се нерелигиозни, според податоци на CIA factbook "Guinea 2012 International Religious Freedom Report", US State Department, Bureau of Democracy, Human Rights and Labor.. Според ARDA, 84.8% се муслимани, 3.7% се христијани, и 11.3% се анимисти.

Ислам

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија.

Исламот се проширил од неговото родно место во Арапскиот Полуостров во Африка. Сундијата Кеита (1217-1255), основач на Царство Мали (кое опфаќало дел на денешна Гвинеја, како и други земји), не бил муслиман, но од 1300 година неговите наследници го прифатиле исламот. Десеттиот владетел на империјата, Муса I (1280-1337), исламот го направил државна религија .

Фута Џалон, планински регион на Гвинеја, станал упориште на исламот од крајот на 17 век.. Имаматот Фута Џалон, муслиманска теократска држава, била основана околу 1725 година.

Во времето на колонијалната ера, во 1891 година била основана Француска Гвинеја, но новата власт имала мала улога во влијанието на религијата. По прогласувањето на независност во 1958 година, првиот претседател на земјата, со марксистички погледи, се обидел да го намали влијанието на исламот, но неговата популарност се намалила и во 1970 година тој морал да започне преговори со муслиманските институции за озаконување на неговото владеење. Во 1982 година била изградена Големата џамија во главниот град Конакри, со финансии од саудискиот крал. Оваа џамија е најголемата џамија во Западна Африка, со внатрешен просор кој може да се собере 10.000 верници.

Христијанство

Христијанството е втора најголема религија во земјата. Таа вклучува верници од Римокатолици, англиканци, Баптисти, Евангелисти, Адвентисти и други припаници. Јеховини сведоци се активни во земјата и признати од страна на Владата.

Верско насилство

Во јули 2013 година започнале етничко-религиозни борби во градот Нзерекоре помеѓу етничката група Кпеле кои се христијани или анимисти, и етничката група Конијанке, кое се муслимани. Во конфликтот загинале најмалку 54 луѓе"Guinean troops deployed after deadly ethnic clashes", BBC Africa, 17 July 2013..

Наводи