Религијата во Гвинеја-Бисао има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 45.1% од населението се муслимани а 22.1% се христијани, 14.9% припаѓаат на анимизмот, додека останатите или се нерелигиозни или ги практикуваат старите религии, според податоци на CIA factbook.

Американскиот Стејт департмент спомнува дека процените варираат во голема мера и наведува податоци од Pew Forum data (2010) според кои 40% се муслимани, 31% домородни религии и 20% христијани Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост..

Ислам

Муслиманите се најмногу концентрирани во северниот и североисточниот дел на земјата. Верниците на традиционалните локални верски убедувања обично живеат во сите региони освен во северните делови на земјата.

Гвинеја-Бисао е единествената муслиманска држава каде се зборува португалскиот јазик.

Христијанство thumb|250px|Катедрала во Бисао.

Христијанството е втората најголема религија во државата, веднаш по исламот. Околу 10% од населението се христијани, или околу 153.300 жители. Вкупното население на државата е 1,533,964 жители Според другите извори, Христијаните сочинуваат од 5 до 13% од населението.

Од христијанските деноминации, најбројни се Римокатолиците, а потоа следуваат Протестантите. Христијаните најчесто се наоѓаат по должината на крајбрежните региони, и припаѓаат на Римокатоличката црква и различни протестантски деноминации. Христијаните се концентрирани во Бисао и други големи градови. Странски мисии во државата оперираат слободно, без некакви ограничувања. Државата гарантира слобода на верско изјаснување и владата општо гледано го почитува тоа.

Наводи