Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гевгелиското село Серменин.

Местоположба

Црквата се наоѓа во југозападниот дел од селото.

Историја

Црквата е изградена во 1834 година, што е забележливо од записот во женскиот дел на храмот, а истата била обновена кон крајот на XIX век од страна на градителот Андон Китанов. Повторно била обновена во 1940 година.„Цркви во Негорската парохија“. Повардарска епархија.

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид. Апсидата е украсена со пет плитки ниши. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови, распоредени во два реда со по четири столба. Кон јужната страна на црквата е доградена припрата. Ѕидот на оваа страна од градбата е фрескоживописан, а во него е сместена и влезна врата.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда. Во него се наоѓаат камбанаријата и трпезарија. Камбанаријата има квадратна основа и се издига над јужниот дел на оградата од дворот на црквата, во непосредна близина на влезната порта. Трпезаријата е сместена во југозападниот дел од дворот.

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата била фрескоживописана во 1847 година, а фрескописот бил обновен во 1951 година од страна на гевгелискиот живописец Ѓорѓи Хаџи Ников.

Икони и иконостас

Иконостасот во црквата го сочинуваат стари икони кои потекнуваат од XIX век. Царските двери биле изработени во резба од страна на зографот Андон Китанов.

Галерија

Поврзано Серменин Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Негорска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Серменин Серменин Категорија:Дела на Дебарската школа