Копривница (хрватски: Koprivnica) — град во северна Хрватска. Градот е административен центар на Копривничко-крижевската жупанија. Според пописот од 2011 година, Копривница имала население од 23,955 жители. Копривница е позната низ просторите на поранешна Југославија по фабриката за прехранбени производи „Подравка“.

Население

Според пописот од 2011 година Општина Копривница имала население од 30.854 жители распоредени во следниве населени места:

Баковчица, жители: 321 Драгановец, жители: 506 Херешин, жители: 728 Јагњедовец, жители: 344 Копривница, жители: 23,955 Куновец Брег, жители: 641 Река, жители: 1,507 Стариград, жители: 2,386 Штаглинец, жители: 466

Географија Копривница се наоѓа во северниот дел на Хрватска. Самиот град лежи на падините на Билагора и Калник од јужната страна и реката Драва на север. Градот има доста поволна географска местоположба.

Литература

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место

Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Копривничко-крижевска Жупанија Категорија:Населени места основани во 13 век