Серж Давид Гнабри (роден на 14 јули 1995) — германски фудбалер, крило на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.
Биографија Серж е роден во Штутгарт, Германија, од татко од Брегот на Слоновата Коска и мајка германка. Како дете, тој бил талентиран спринтер, но сепак го избрал фудбалот, пред атлетиката.
Технички карактеристики
Најчесто игра како лево крило, но исто така, може да дејствува и како десно крило, втор напаѓач или дури како главен напаѓач. Се работи за физички цврст и силен фудбалер кој има добра основна техника, и одличен удар. Меѓу најголемите квалитети во играта му се дриблингот и брзината што му овозможува често да пробива по страничните позиции и да асистира за својте соиграчи, но и сам да ги завршува акциите.
Клупска кариера Арсенал Откако во младоста Гнабри сменил повеќе екипи во кој тренирал и растел, во 2010 година екипата на Штутгарт се согласила да го продаде тогаш 15-годишниот Гнабри на Арсенал за 100.000 фунти. Сепак, тој морал да почека сè до летото 2011 за да се пресели во лондонскиот клуб затоа што сè уште немал 16 години. Тој официјално му се приклучил на Арсенал за сезоната 2011-2012 и најпрво бил регистриран со право за настап за екипата под 18 години, но подоцна бил промовиран во резервниот тим на топџиите после серијата на импресивни перформанси.
thumb|left|140px|Гнабри во дресот на Арсенал во 2012 Пред почетокот на сезоната 2012-2013, Гнабри бил повикан од менаџерот на првиот тим на Арсенал Арсен Венгер за претсезонските подготовки. Своето деби во официјален натпревар за клубот го направил на 26 септември 2012, против Ковентри Сити во победата со 6-1 во Лига купот, заменувајќи го Алекс Окслејд-Чемберлејн во 72-рата минута од натпреварот. На 20 октомври 2012, го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-0 од Норич Сити на Кероу Роуд. На возраст од 17 години и 98 дена, тој станал вториот најмлад дебитант на Арсенал во лигата во историјата на клубот зад Џек Вилшер. Четири дена подоцна, тој дебитирал и во Лигата на шампионите, влегувајќи како замена во поразот на Арсенал со 2-0 од Шалке 04. Својата прва сезона во Арсенал ја завршил со вкупно 4 настапи.
Следната сезона, Гнабри бил вклучен во составот на Арсенал за првиот сезонски натпревар против Астон Вила, започнувајќи го натпреварот на клупата за резерви. На 22 септември 2013, тој го направил својот прв старт за Арсенал во натпреварот од Премиер лигата против Стоук Сити, откако Тио Волкот се повредил непосредно пред почетокот на натпреварот. Тој одиграл 73 минути, пред да биде заменет од Рио Мијаичи во победата на Арсенал со 3-1. Тој го постигнал својот прв професионален гол во следниот првенствен натпревар против Свонзи Сити со кој го предводел Арсенал до победа од 2-1 и ги оставил на врвот на табелата во Премиер лигата. На 26 октомври, тој изборил пенал за Арсенал во победата со 2-0 над Кристал Палас. Добрите перформанси на почетокот од сезоната му донеле на Гнабри номинација за наградата Golden Boy, но и нов петгодишен договор со Арсенал. Тој направил 14 настапи за Арсенал во сезоната 2013-2014, вклучувајќи импресивни изданија во ФА Купот против Тотенхем и Ковентри со кој му помогнал на Арсенал да го освои турнирот таа година, иако не бил ниту на клупата во финалето против во кое топчиите со голем пресврт од 0-2 преку продолженија дошле до победа од 3-2.
thumb|right|Гнабри со Арсенал во 2015 Поради тешка повреда Гнабри го пропуштил поголемиот дел од сезоната 2014-2015 и не одиграл ниту еден натпревар за првиот тим на Арсенал во ниту едно натпреварување.
На 7 август 2015, Гнабри бил позајмен на Вест Бромвич Албион до крајот на сезоната. Своето деби за клубот го направил на 23 август 2015, во поразот со 3-2 од Челси. Во јануари, тој се вратил во Арсенал поради тоа што немал многу шанси за настап во првиот тим на клубот од Бирмингем, но не настапил ниту еднаш до крајот на сезоната.
Вердер Бремен На 31 август 2016 година, Гнабри потпишал за екипата од Прва Бундеслига, Вердер Бремен, за пријавена трансфер сума од 5 милиони фунти. Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер сакал да го продолжи договорот со Гнабри пред неговото заминување, но недостатокот на можности за играње во првиот тим било пресудно играчот од средниот ред да побара трансфер во друг клуб.
Своето деби за Вердер го направил на 11 септември 2016 година, во поразот со 1-2 од Аугсбург во рамките на второто коло од првенството. Првиот гол со клубот го постигнал на 17 септември, во поразот на гости со 4–1 од Борусија Менхенгладбах. На 24 фервуари 2017, Гнабри ги постигнал двата гола за Вердер во победата со 1-2 на гостувањето кај . Позитивната сезона која ја имал со зелените му донела интерес од други екипи и многу шпекулации околу неговата индина. Во јуни 2017 година, од клубот објавиле дека Гнабри ја активирал клаузулата за ослободување од неговиот договор и дека ќе замине на крајот од месецот. Во својата единствена сезона во клубот, тој забележал 27 настапи и постигнал 11 гола, додека Вердер завршил на осмото место во Бундеслигата.
Бајерн Минхен На 11 јуни 2017, Бајерн Минхен го потпишале Гнабри на тригодишен договор, откако ја активирале клаузулата во неговиот договор со Вердер Бремен во вредност од 8 милиони евра.
Три дена подоцна, на 14 јуни, клубот објавил дека Гнабри ќе замине на позајмица во Хофенхајм до крајот на сезоната. Својте први првенствени голови ги постигнал во победата од 4–0 над РБ Лајпциг. Тој постигна 10 гола во неговите 22 настапи во сезоната, помагајќи му на Хофенхајм да заврши на третото место на првенствената табела и да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона.
На 2 јули 2018 година, Гнабри бил претставен како играч на Бајерн Минхен, земајќи го дресот со број 22. На 1 септември, Гнабри го направил своето деби во Бундеслигата за Баерн Минхен во победата од 3-0 против Штутгарт, влегувајќи како замена во 77-мата минута. На 3 ноември 2018 година, Гнабри го постигнал својот прв првенствен гол за Бајерн во ремито 1–1 против Фрајбург. На 1 декември 2018 година, Гнабри постигнал два гола во победата од 2–1 против неговиот поранешен клуб Вердер Бремен. На 2 март 2019 година, Гнабри го постигнал 4000-тиот гол на Бајерн Минхен во Бундеслигата за време на победата од 5–1 над Борусија Менхенгладбах, помагајќи му на клубот да стане првиот тим што ја постигнал оваа граница. На 5 март 2019 година, тој потпишал нов договор со Бајерн Минхен до јуни 2023 година и ја завршил сезоната во Бундеслигата како втор стрелец на баварците со 10 гола на 30 натпревари. На крајот од сезоната, ја освоил својата прва титула во Бундеслигата откако Бајерн завршил со два бода пред Борусија Дортмунд освојувајќи вкупно 78 бода.
На 1 октомври 2019 година, Гнабри постигнал четири гола во победата од 7–2 на гости против Тотенхем во Лигата на шампионите, станувајќи само 13-тиот играч во историјата на натпреварувањето на кој му успеал овој подвиг и втор како играч на Бајерн по Марио Гомес во 2012. Тој, исто така, постигнал гол во првиот натпревар од осминафиналето, против Челси, во полуфиналето против Олимпик Лион (постигнувајќи по два гола во двата случаи) и во четвртфиналето против Барселона, кое завршило 2-8 во корист на баварците. Во текот на сезоната, неговите добри настапи, во комбинација со неговите одлучувачки голови во нокаут фазата од Лигата на шампионите, го довеле Бајерн до освојување на тројната круна (Бундеслигата, Купот на Германија и УЕФА Лигата на шампионите). Со 9 гола, тој завршил на третото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите.
Репрезентативна кариера Гнабри ја претставувал Германија во разни младински нивоа, вклучувајќи ги и оние под 16 години, под 17 години и под 18 години. Во летото 2017 година тој бил дел од германскате репрезентација под 21 година кој го освоила Европското првенство за играчи под 21 година во Полска, постигнувајќи еден гол на турнирот во 5 натпревари.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 мај 2017. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 Арсенал ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛШ 1 0 - - - 4 0 2013-2014 ПЛ 9 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 2 0 - - - 14 1 2014-2015 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 ЛШ 0 0 - - - 0 0 2015-2016 Вест Бромвич ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 3 0Вкупно Арсенал 10 1 5 0 3 0 - - 18 1 2016-2017 Вердер Бремен 1Б 27 11 КГ 0 0 - - - - - - 27 11 2017-2018 Хофенхајм 1Б 22 10 КГ 1 0 ЛШ+ЛЕ 2+1 0+0 - - - 26 10 2018-2019 Бајерн Минхен БЛ 30 10 КГ 5 3 ЛШ 7 0 СГ 0 0 42 13 2019-2020 БЛ 31 12 КГ 5 2 ЛШ 10 9 СГ 0 0 46 232020-2021 БЛ 27 10 КГ 1 1 ЛШ 6 0 СГ+СУ+Скп 1+1+2 0 38 11 2021-2022 БЛ 34 14 КГ 2 0 ЛШ 8 3 СГ 1 0 45 17 2022-2023 БЛ 34 14 КГ 4 0 ЛШ 8 2 СГ 1 1 47 17 2023-2024 БЛ 10 3 КГ 2 0 ЛШ 7 2 СГ 1 0 20 5 2024-2025 БЛ 21 6 КГ 3 0 ЛШ 10 0 Скп - - 34 6Вкупно Бајерн Минхен 187 69 22 6 56 16 7 1 272 92Вкупно во кариерата 247 91 30 6 62 16 7 1 347 114
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Германија2016232017002018312019892020412021146202281202361202440Вкупно4922
Титули Клупски Арсенал ФА Куп : 1 2013-2014
Бајерн Минхен Бундеслига : 6 2018-2019, 2019-2020, 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023, 2024-2025 Куп на Германија : 2 2018-2019, 2019-2020 Суперкуп на Германија : 4 2020, 2021, 2022, 2025 Лига на шампиони : 1 2019-2020 Суперкуп на УЕФА : 1 2020 ФИФА Светско клупско првенство : 1 2020
Репрезентативни Германија под 21 година Европско првенство за играчи под 21 година : 1 2017
Германија олимписка репрезентација 20px Сребро на олимписки игри : 2016
Наводи
Надворешни врски
Серж Гнабри на soccerway Серж Гнабри на transfermarkt Серж Гнабри на espn Серж Гнабри на whoscored
Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на Хофенхајм Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Родени во 1995 година