Српски воени гробишта во Битола – воени гробишта од Балканските војни и Првата светска војна во кои почива 1321 војник на Српската армија убиени во периодот 1912-1918.

Местоположба Српските воени гробишта се наоѓаат јужно од градот Битола, крај патот кој води за село Буково, на околу 2 км од центарот на градот. Истите се наоѓаат во продолжение на Буковските гробишта.

Историја Во текот на Балканските војни и Првата светска војна на подрачјето на Битолскиот Регион погинале околу 8.000 српски војнициBitolj: Obeležena 95-ogodišnjica proboja Solunskog fronta. Најголем дел од нив погинал во борбите на Кајмакчалан во 1916 година. Во спомен-костурницата на Кајмакчалан почиваат 4.400 војници, а на Српските воени гробишта во Битола е погребан 1.321 војник.

Гробови мини|лево|Крстот на спомен-обележјето Во гробиштата се наоѓа 1.321 гроб на српски војници.

Наводи

Надворешни врски СРПСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА - СПОМЕНИЦИ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Категорија:Воени гробишта од Првата светска војна во Македонија Категорија:Гробишта во Битола