Свети Атанасиј — главна манастирска црква на средновековниот Житошки манастир помеѓу прилепските села Локвени и Житоше, Македонија.
Црквата се наоѓа во атарот на селото Локвени, сместена над него. Историски, црквата била подигната и припаѓала на некогашното христијанско село Долно Житоше.
Црквата е прогласена за споменик на културата.
Местоположба
Црквата се наоѓа над селото Локвени, а до нејзе се пристапува по лош земјен пат.
Црквата се наоѓа над селото Локвени, на самата граница на атарот со соседното Житоше. Црквата е изградена во месноста Манастириште, кое некогаш припаѓало на селото Долно Житоше (денес дел од Житоше).
Историја
За црквата и самиот манастир се верува дека е средновековен. Од ктиторскиот натпис се дознава дека била подигната во 1627 година.
Во 1890-тите години, свештеникот во црквата бил обесен од страна на житошките Арбанаси.
Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени. Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.
Црквата започнала да се гради повторно во 2012 година и нејзината изградба завршила во 2016 година.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседувала фрескоживопис кој бил насликан во 1627 година. Истиот бил пренесен во крушевската црква „Св. Троица“.
Сликарството било суво и без моделација, фигурите биле издолжени, а колоритот бил згаснат.
По возобновувањето на црквата, во 2016 година се вршени и уредување на внатрешноста на црквата.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прва кривогаштанска парохија Локвени Житоше
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Локвени Категорија:Житоше Локвени Категорија:Житошки манастир Категорија:Урнатини во Македонија