thumb|right|300px|Карта на атинската агора во времето на Сократ и Платон Агора (грчки: αγορά) бил пазар и есенцијален дел од секој старогрчки полис како и секој поголем град во Античка Македонија (како да речеме Пела). Агората не само што била пазар, туку и форум за граѓаните. Агората настанала паралелно со полисот по падот на микенската цивилизација, и веќе во времето на Хомер станува составен дел од секој полис (веројатно 8 век п.н.е.).

Најпознатата агора е Атинската агора. Агората-музеј на отворено во Измир е една од најдобро зачуваните агори на светот.

Зборот агорафобија, страв од јавни случувања, доаѓа од агора со гореобјаснетото значење.

Агора може да значи и место за собирање во еден старогрчки полис. Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на ископините на агората во Атина Страна на измирскиот агора-музеј

Категорија:Економија на Стара Грција Категорија:Старогрчко општество Категорија:Античка Македонија