Влодроп (, ) — село во општината Рурдален во покраината Лимбург југоисточна Холандија. Сместено е недалеку од границата со Германија, околу 8 км југоисточно од Рурмонд.
Во минатото Влодроп бил своја општина, но во 1991 г. е припоен кон Мелик и Херкенбос.
Во 2007 г. Влодроп броел 2.637 жители. Неколку години пре тоа, зафаќал површина од и имал 850 домови.Статистичка служба на Холандија (CBS), Bevolkingskernen in Nederland 2001 . Статистиката е за непрекинатото населено подрачје.
Во 1990 г. во селото се вселил индискиот мислител Махариши Махеш Јоги, основач на програмата Трансцендентална медитација, и го преместил седиштето на организацијата во поранешното училиште „Св. Лудвиг“, а потоа во зданието е отворен Европскиот истражувачки универзитет „Махариши“.
Во Влодроп е сместен производителот на луди железници „Векома“.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Карта на поранешната општина, околу 1868 г.
Категорија:Населени места во Лимбург (Холандија) Категорија:Рурдален Категорија:Поранешни општини во Холандија