Референдум во Општина Валандово (2017) — референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Валандово на 20 август 2017 година.Жителите на Валандово денеска решаваат за „Казандол“ , Фокус, 20.08.2017..
Првично, Советот на Општина Валандово ја отфрлил иницијативата на граѓаните за распишување референдум, по што граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ пристапила кон собирање на потписи од граѓаните за распишување локален референдум.„Валандовци ќе собираат потписи за референдум против рудникот Казандол“, „Сакам да кажам“, 30.04.2017 Потребните потписи за распишување референдум биле успешно собрани,„Активистите собра 2.213 потписи за референдум во Валандово, се закануваат со блокади“, „Мета“, 9.07.2017. по што Советот на општината распишал референдум за 20 август.„Советниците на Општина Валандово изгласаа да се распише референдум“, Радио МОФ, 3.07.2017.
Согласно одлуката на советниците, за одржување на референдумот биле обезбедени милион и 200 илјади денари од буџетот на Општина Валандово.Жителите на Валандово денеска на референдм за Казандол, Нова ТВ, 20.08.2017.
Овој референдум бил неуспешен поради тоа што не гласале повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани гласачи.Референдумот во Валандово не го исполни законскиот цензус за да биде легитимен, телевизија 24 Вести, 20.08.2017.
Поврзано Општина Валандово
Наводи
Категорија:Референдуми на локално ниво во Македонија Категорија:Општина Валандово