мини|десно|300п|Карта на алпско-хималајскиот појас Алпско-хималајски појас — сеизмички и планинообразен појас кој се состои од низа планински венци и се протега долж јужните делови на Евроазија, од Јава и Суматра преку Хималаите о Средоземното Море до бреговите на Атлантскиот Океан. Ги опфаќа Алпите, Карпатите, Пиринеите, планините на Анадолија и Иран, Хиндукуш и оние во Југоисточна Азија. Претставува второ сеизмички најактивно подрачје во светот, по околутихоокеанскиот појас (Огнениот Појас), со 17% од најголемите земјотреси.
Појасот се образува со постојани тектонски движења како што е алпската планинообразба. Произлегол од затворањето на праокеанот Тетис почнувајќи од мезозоик и кенозоик, како и постепеното судирање на Африканската, Арапската и Индиската со Евроазиската Плоча во северен правец.K.M. Storetvedt, K. M., The Tethys Sea and the Alpine-Himalayan orogenic belt; mega-elements in a new global tectonic system, Physics of the Earth and Planetary Interiors, Volume 62, Issues 1–2, 1990, стр. 141–184 Извадок
Поголеми венци Кантабриски Планини (Баскиски Планини), Пиринеи, Алпи, Судети, Карпати, Стара Планина и Кримски Планини во Европа; Атлас во Северна Африка, Бетски Планини (Сиера Невада и Балеарски Острови), Апенини, Динариди и Егејските Острови (Крит, Карпатос и Родос) во Јужна Европа; Понтиски Планини, Кавказ, Ерменска Висорамнина, Алборз, Ќопетдаг, Хиндукуш, Памир, Тјеншан, Кунлун, Хенгдуан, Индокина (Анамски Планини) и Малајскиот Полуостров и Азија; Кипар (Троодос), Таур, Загрос, висорамнината Мекран, Сулејманови Планини, Каракорум, Хималаи, Паткај, Чин, Аракански Планини, Андамани и Никобари во Јужна Азија. Индонезија е сместена помеѓу Тихоокеанскиот Огнен Прстен по линија на североисточните острови до (и заклучно со) Нова Гвинеја и алпско-хималајскиот појас долж југот и западот од Суматра, Јава и Малите Сундски Острови (Бали, Флорес и Тимор). Земјотресот во Индискиот Океан во 2004 г. недалеку од брегот на Суматра се случил во рамките на алпско-хималајскиот појас.
Наводи
Извори Минати земјотреси и земјотресна статистика — USGS „Огнен прстен“, тектоника на плочите, ширење на морското дно, зона ни подвлекување, „врели точки“ — USGS
Категорија:Планински венци во Азија Категорија:Планински венци во Африка Категорија:Планински венци во Европа Категорија:Тектоника на плочите Категорија:Вулканологија