„Песна до песна“ (англиски: Song to Song) - американски филм од 2017 година, во режија на Теренс Малик. Главните улоги ги играат: Рајан Гослинг, Руни Мара, Кејт Бланчет, Натали Портман, Вал Килмер, Холи Хантер, Мајкл Фасбендер и Лике Ли. Директор на фотографијата е Емануел Лубецки.Ѓорѓи Јаневски, „Песна за песна (Song to Song)“, Економија и бизнис, година 19, број 229/230, јули/август 2017, стр. 102.
Содржина Филмот претставува приказна за страста и неверството меѓу два љубовни триаголника, а дејството се случува на музичката сцена во Остин, Тексас.Ѓорѓи Јаневски, „Песна за песна (Song to Song)“, Економија и бизнис, година 19, број 229/230, јули/август 2017, стр. 102.
За филмот Филмот трае 129 минути, но првичната верзија била долга дури осум часа. Снимањето на филмот било завршено во 2012 година, по што следувал долг процес на монтажа кој тарел пет години при што биле ангажирани дури тројца монтажери. Филмот бил сниман во најлуксузните вили и апартмани во Остин.Ѓорѓи Јаневски, „Песна за песна (Song to Song)“, Економија и бизнис, година 19, број 229/230, јули/август 2017, стр. 102-103.
Наводи
Категорија: Филмови со Рајан Гослинг Категорија:Филмови од 2017 година Категорија: Филмови со Руни Мара Категорија: Филмови со Мајкл Фасбендер Категорија: Филмови со Натали Портман Категорија: Филмови со Кејт Бланчет Категорија: Филмови со Холи Хантер Категорија: Филмови со Вал Килмер Категорија: Филмови со Лике Ли Категорија: Филмови на Теренс Малик Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови