мини|десно|Портрет на Шезо
Жан Филип Лоа де Шезо (; – ) — истакнат швајцарски астроном од Лозана. Во 1746 г. претставил список на маглини (од кои осум сопствени откритија) на собир на Француската академија на науките, објавен за пошироката јавност дури во 1892 г. од Гијом Бигурдан. Шезо бил меѓу првите што го поставил тврдењето за конечноста на вселената, подоцна познат како Олберсов парадокс, кој вели дека ако вселената бескрајна, ноќното небо би било светло.
Шезо открил две комети: C/1743 X1 — со Дирк Клинкенберг C/1746 P1
Помалку позната е неговата работа на полето на библискиот времеслед, во обид точно да го утврди денот на Христовото распнување според астрономските набљудувања во старозаветната книга „Даниил“. Ова дело е објавено посмртно во неговите спомени (Mémoires posthumes de M. de Cheseaux, 1754).
Наводи
Надворешни врски Кратка биографија на Жан Филип де Шезо — SEDS Списокот на 21 маглина на Шезо — SEDS
Категорија:Швајцарски астрономи Категорија:Откривачи на комети Категорија:Луѓе од Лозана Категорија:Починати во Париз Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките