Бардо Тодол (тибетски: བར་དོ་ཐོས་གྲོལ) – тибетски будистички текстови за искуството на душата по смртта. Во западната полутопка книгата е позната како „Тибетска книга на мртвите“. Буквално преведено, „Бардо Тодол“ значи „Ослободување преку слушање (Тодол) во посмртната рамнина (Бардо)“, а изразот „Бардо“ е изведен од тибетските зборови „бар“ (помеѓу) и „до“ (два).Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 27.
Содржина „Бардо Тодол“ се состои од два основни текста:Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988. Прва книга: Чикаи Бардо и Чоњин Бардо Прв дел: Бардо на моментот на смртта Втор дел: Бардо на доживувањето на стварноста Зазорување на мироносните божества од првиот до седмиот ден Зазорување на гневоносните божества од осмиот до четиринаесеттиот ден Втора книга: Сидпа Бардо Прв дел: Посмртниот свет Втор дел: Процесот на повторното раѓање
Прва книга – Чикаи Бардо и Чоњид Бардо „Бардо Тодол“ претставува учење за ослободување преку слушање, која има за цел да им подари духовен водич на луѓето при патувањето низ Посредната состојба (Бардо), т.е. привремената состојба меѓу смртта на физичкото тело и неговото повторно раѓање. Притоа, како претходна подготовка треба да послужат неколку расправи за патувањето по бодичката Патека низ овој свет, познати како Насоки. Според Насоките, највисоките интелекти би требало веднаш да бидат ослободени, а ако не се случи тоа, тогаш, додека се наоѓаат во Посредната состојба на моментот на смртта, тие треба да го практикуваат Преносот на принципот на свеста, којшто обезбедува автоматско ослободување само со тоа што ќе биде запаметен. Оние кои нема да бидат ослободени дури и со тоа, би требало да го слушаат „Бардо Тодол“, со цел да постигнат ослободување преку слушањето на ова учење. Според тоа, ако Преносот на принципот на свеста е остварен, нема потреба да се чита „Бардо Тодол“, а во спротивно, текстот треба да се чита покрај мртвото тело. Притоа, ламата којшто му бил гуру на покојникот треба да се доближи до неговото уво (но, да не го допира) и така да го чита „Бардо Тодол“. Ако телото не покојникот не е присутно, тогаш тој што го чита „Бардо Тодол“ треба да го заземе креветот или омиленото место на покојникот и, замислувајќи дека тој е тука, треба да го чита текстот при што блиските на покојникот не смеат да плачат и да тагуваат. Инаку, „Бардо Тодол“ треба да се чита трипати или седумпати, во зависност од околностите.Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 29-32.
Прв дел: Бардо на моментот на смртта „Бардо Тодол“ започнува со упатство за соочување со симптомите на смртта при што како прв степен на Чикаи Бардо се јавува прворедната Јасна Светлост видена во моментот на смртта. Ова упатство треба да го даде гуруто на покојникот или некој друг учен човек од верата. Најпрвин, покојникот треба јасно да ги сфати трите основни симптоми на смртта: Телесното чувство на притисок, чувството на влажен студ и чувството како телото да се разградува на атоми. По читањето на „Бардо Тодол“, покојникот би требало да ја препознае прворедната Јасна Светлост, со што тој е ослободен. Меѓутоа, ако не се случи тоа, нему му се чита упатството за вториот степен на Чикаи Бардо – второстепената Јасна Светлост, која доаѓа во малку подолг временски период по престанокот на дишењето. Целта е да се разбуди умот на покојникот и тој да постигне ослободување. Додека се наоѓа во овој степен на Бардо, човековото тело е во состојба на „Маја-рупа“, т.е. чисто (сјајно) илузорно тело или астрално тело, кое претставува етерички дупликат на физичкото тело. Ако „Бардо Тодол“ е успешно применет во овој степен на Бардо, тогаш кај покојникот се јавува состојба на луцидност и тој ја среќава Мајката-Стварност и Никулец-Стварност („Дарма Матри Путра“) и покојникот нема да биде изложен на кармичките илузии при патувањето низ Бардо.Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 33-44.
Втор дел: Бардо на доживувањето на стварноста Ако човекот не ги препознал прворедната и второредната Јасна Светлост и не постигнал ослободување, настапува третото Бардо, наречено Чоњид Бардо. Ова е третиот степен на Бардо (преодната состојба по смртта) во којшто на покојникот му се појавуваат кармичките илузии. Поради тоа, нему треба да му се чита „Бардо Тодол“ за да се оспособи за соочувањето со нив. Во оваа фаза, покојникот може да ги види својот погреб и оплакувањето од страна на блиските, но тие не можат да го слушнат него, така што тој заминува незадоволен. Притоа, нему му се појавуваат зраци, звуци и светлости кои го запрепастуваат, го плашат и му предизвикуваат замор. Тогаш, тој што го извршува обредот треба да го повика на име покојникот и да почне со читање на овој дел од „Бардо Тодол“ за да го подготви за соочување со шесте состојби на Стварноста на Бардо. Со помош на оваа поука, покојникот треба да разбере дека неговото нематеријално тело не може да умре и дека сите кармички илузии на кои ќе биде изложен се само негови мисловни привиденија.Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 45-48.
Зазорување на мироносните божества од првиот до седмиот ден: Целокупната стварност на Бардо трае 49 дена кои покојникот треба да ги преброди. Во текот на првите седум дена нему му се појавуваат Мироносните Божества. Три и половина дена по смртта, покојникот ќе се освести и ќе сфати дека е мртов и во тоа време целата Сангсара ќе му изгледа како отпревртена, т.е. сите појави доживеани во човечкиот свет ќе бидат измешани и несредени. Тогаш, во првиот од седумте дена, од Централната сфера на покојникот ќе му се појават Мирононсите Божества (Багаван Ваирочана, Дарма-Дату, Акаса Дату Ишвари итн.), осветлени со различни бои. Во вториот ден, од источната сфера на покојникот ќе му се појави Ваџра-Сатва заедно со шесте бодички божества, придружени со силна светлина. Третиот ден се појавува Бхагаван Ратна-Самбхава, со неговите придружни божества. Четвртиот ден се појавува Багаван Амитаба со неговите божества, повторно облеани во силна светлина. Петтиот ден се појавува Багаван Амога-Сиди со неговите божества. Шестиот ден се појавуваат заедно сите божествени Татковци-Мајки на Петте Реда (Дјани Буда) или вкупно 42 божества. Најпосле, седмиот ден на покојникот ќе му се појават божествата што го поседуваат Знаењето, кои доаѓаат од светите рајски сфери. Во текот на овие седум дена, покојникот треба да ги препознае и да ги прифати Мироносните божества, кои ќе му подарат ослободување. Меѓутоа, истовремено, тој е изложен и на матни светлини што доаѓаат од пеколот коишто кај него ги поттикнуваат лошите чувства, како: љубомора, самољубие, скржавост итн. Овие светлости го привлекуваат покојникот, а тој треба да ги отрфли и да ги прифати Мироносните Божества.Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 48-73.
Зазорување на гневоносните божества од осмиот до четиринаесеттиот ден: Во Бардо на Мироносните Божества, покојникот се среќава со седум степени на замки. Така, по заоѓањето на Мироносните и на Божествата кои го поседуваат Знаењето, покојникот се соочува со 58 Гневоносни Божества кои, всушност, се Мироносните Божества во изменет облик. Во овој Бардо, покојникот е под влијание на стравот и ужасот предизвикани од Гневоносните Божества, поради што неговиот интелект запаѓа во бројни состојби што ја заматуваат свеста. Притоа, поради стравот, обичните луѓе ќе паѓаат во бездната на несреќните светови и ќе страдаат, додека оние што се посветени во мистичната мантрајана лесно ќе ги препознае Гневоносните Божества како свои заштитнички божества, ќе се стопат во нив и ќе постигнат ослободување. Осмиот ден ќе се појави Буда Херука, во придружба на Буда Кротишорима, а во стварноста, тоа е Бхагаван Ваирочана, т.е. Таткото-Мајка. Деветтиот ден ќе се појави Багаван Ваџра Херука, десеттиот ден ќе се соочи со Ратна Херука, единаесеттиот ден со Багаван Падма Херука, а дванаесеттиот ден со Карма Херука. Тринаесеттиот ден ќе се појават Осумте Гневоносни, т.е. божиците наречени Керими и Хтаменми кои имаат различни животински глави. Најпосле, четиринаесеттиот ден ќе се појават четирите женски Чувари на Вратите: Белата Божица со глава на тигар, Жолтата божица со глава на маторица, Црвената божица со глава на лав и Зелената божица со глава на змија, заедно со бројни други Херуки (вкупно 28). Покојникот не треба да се исплаши од страшниот изглед на божествата кои пијат крв, ниту од нивните огромни димензии или заканите што ги упатуваат, туку треба да ги препознае, со што ќе постигне ослободување. Притоа, токму читањето на Бардо Тодол, надополнето со читање на Тадол и на други молитви треба да му помогне на покојникот да се соочи со стварноста во Посредната состојба (Бардо).Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 73-94.
Втора книга – Сидпа Бардо Оваа книга го претставува главниот дел на длабокоувидната суштина на ослободувањето преку слушање. Прв дел: Посмртниот свет Овој дел содржи упатства за извршување на обредите за умрените со лоша карма и оние кои под влијание на лошата карма ги зафатиле страв и ужас, така што во претходните стадиуми на Бардо не успеале да ги препознаат божествата.Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 96.
Бардо-тело – неговото раѓање и наднормалните способности: Откако претходно биле прочитани молитвите кои ги повикуваат Буда и Бодисатва, покојникот се повикува трипати или седумпати и му се објаснува дека по три и половина дена од смртта ќе изникне неговото Бардо-тело. Иако многу личи на материјалното тело на покојникот, ова тело е зрачно тело, облагородено со одредени знаци и убавини на совршенството. Бардо-телото е родено од желбите и тоа претставува халуцинација на мисловниот облик во Посредната состојба. Во тоа време, на покојникот ќе му се појават визии на местото во кое тој треба повторно да се роди: како суштество од Пеколот, како асура или човечко суштество, како дивјак, како прета итн. Притоа, покојникот не треба да биде привлечен од овие визии, туку треба да го сочува интелектот непомрачен, во празна состојба и да медитира над неговото заштитничко божество или над неговиот гуру. исто така, обредникот му објаснува на покојникот дека има способност да се најде на секое место во светот, да поминува низ карпи и планини итн., но тој не треба да ја посакува таквата моќ, туку треба да се моли и да медитира.Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc). Beograd: Prosveta, 1988, стр. 96-101.