Таџурски Залив (, ) — залив кај Африканскиот Рог во Источна Африка, сместен е помеѓу протокот Баб-ел-Мандеб кон Црвеното Море и Аденскиот Залив кон Арапското Море и Индискиот Океан. Изобилува со риби, пространи корални гребени и голем фонд на бисерни остриги. Брегот во најголема мера се протега во Џибути, а Сомалија има мал излез во јужниот дел на заливот.
Други морски живеалишта во заливот се морските треви, солниците и мангровите.
Историја Во август 1840 г. е склучен договорот за пријателство и трговија помеѓу султанот Мухамед бин Мухамед и командантот Роберт Морсби од индиската морнарица, со кој островот Муша е продаден на Британија за десет вреќи ориз. Во 1887 г. Британците им го отстапиле островот на Французите, признавајќи го француското влијание во заливот, а за возврат Франција се откажала од Зајла и околните острови.
Географија мини|десно|250п|Сателитска снимка на Таџурскиот Залив
Заливот зафаќа површина од . Долг е (од Сагало до Обок) 64 км, а широк околу 26 км. За разлика од соседните водни површини, самиот Таџурски Залив е релативно плиток, со наклонети брегови. Брегот изобилува со песочни дини и наместа со палми. Крајбрежните води на север се порамни и плитки. Водата е секогаш топла, што се должи на климата и плиткоста на заливот; најтопла е во јули, со просек од , а најстудена во јануари, со просек од .
Во пристапниот дел од заливот се среќаваат островите Муша и Маскали. Долниот дел е одвоен со потесен копнен дел наречен Губет-ел-Хараб и Асалското Езеро (). Во далечното минато, заливот го опфаќал и подрачјето на Асалското Езеро, кое денес е околу 155 метри под морското ниво.
Опфат Заливот се протега во рамките на следниве граници:
на исток — западниот крај на Аденскиот Залив (линија од Обок до Лавјакадо).
на запад — меридијанот на Губет-ел-Хараб.
Острови Заливот има поголем број мали острови, од кои најголем е Муша. Островите сепак имаат историска важност во колонијалните активности на Франција и Британија.
Жив свет Живиот свет во Таџускиот Залив е разновиден и посебен, што се должи на неговата географска положба. Многу животински и растителни видови во заливот се на работ на изумирање или во значителна опасност. Од особено значење се коралите и морските крави.
Население Крајбрежјето на заливот е многу погусто населено во џибутскиот отколку во сомалискиот дел. Поважни населени места се следниве:
Џибути: 529.000 Таџура: 45.000 Обок: 21.000 Лојада: 1.367 Сагало: 719
Лавјакадо: 1.650
Туризам мини|десно|250п|Брег на Таџурскиот Залив Таџурскиот Залив е едно од најважните туристички места во Џибути, со 40% од посетителството во земјата. Најпосетени се градовите Обок и Таџура. Со своите корални гребени, заливот ужива популарност меѓу нуркачите, кои покажуваат особен интерес за нуркање со китови-ајкули.
Околу Таџура се протега планинскииот венец Года (1.700 м). Помеѓу градовите сообраќаат и траекти.
Поврзано Аденски Залив Баб ел-Мандеб Арапско Море
Наводи
Надворешни врски
Таџурски Залив — GeoNames
Категорија:Географија на Џибути Категорија:Географија на Сомалија Категорија:Заливи во Индискиот Океан Категорија:Аденски Залив Категорија:Црвено Море Категорија:Заливи во Африка