Малина — долгогодишна листопадна билка, со грмушест или полугрмушест раст, со повеќегодишен корен и со едногодишни и двогодешни изданоци кои припаѓаат на семејството рози (Rosaceae), родот Rubus и има повеќе подродови.
Име Латинското име на малината е rubus idaeus. На македонското јазично подрачје познато е и како хајдитка (Крушово, Демир Хисар), малена (Јакоруда, Разлог).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 5
Диви врсти и распространетост мини|десно|200п|Дива американска црна малина (Rubus occidentalis). мини|лево|200п|Дива европска црвена малина (Rubus idaeus vulgatus).
Подврстата Idaeobatus е распространета во целиот свет и опфаќа околу 195 видови на малини. Во овој најголем подвид најважни се:
Црвена малина (Rubus idaeus) Црна американска (купинолика) малина (Rubus occidentalis) Пурпурна малина (Rubus neglectus)
Црвена малина опфаќа две подврсти:
Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.) Американска црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.)
Малината се распростира во Азија, Северна Америка и Јужна Америка, Европа, јужниот дел на Африка и Австралија. Најмногу видови на малина потекнуваат од Азија а најмалку од Европа.
Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.) е жбун кој расте во цела Европа и северозападниот дел на Азија каде што неговте гранки се претежно трновити, а на кои се наоѓаат непарни листови со 3 или 5 листа, во вид на јајцест облик. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека толчникот е поголем од прашникот или еднакви со него. Плодот е темноцрвен со издолжен или топчест облик, кој претставува збир од 20 до 150 ситни плодови. Во Европа е воведено да се одгледува со култивирање во почетокот на 17-от век. Во Македонија, Србија и балканскиот регион, оваа дива малина може обично да се најде на ридовите, буковите и други видови шума, во близина на потоците и реките, на надморска висина од 600 до 1200 метри. Малината како билка бара доста светлина и влага. Американската црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.) најмногу е распространета во северниот и средиот дел на Северна Америка и во источниот дел на Азија. Плодовите на оваа малина се светлоцрвени и полуокруглести, а билките имаат бројни жлездани влакна. За разлика од дивата европска, оваа е потпорна на ниските температури.
Црната американска малина (Rubus occidentalis) најмногу е распространета во Севера Америка, и тоа во јужниот дел на Канада и северниот и средниот дел на САД. Црната малина е повеќегодишен буен жбун чии трновити гранчиња рачно се виткаат и го оживуваат врвот. Едногодишните гранки се зеленкасти или виолоетови, со непарен број на листови 3 или 5. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека тучковите се пониски од прашникот или еднакви со него. Плодот е цврст, црн и полуокруглест кој има збир од 40 до 80 ситни полодови. Пурпурната малина (Rubus neglectus) распространета е најмногу во Северна Америка и типичен е природен хибрид помеѓу американските црвени малини и американските црни малини. Гранчињата личат на американска црна малина, која се витка и со тоа го оживува врвот, а плодот е темноцрвен, пурпурен.
Хранливи вредности на малината Благите сочни малини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Освен плодот на малината кој се користи за џем, мармалад сокови, вино и колачи, листот на малината може да се користи за чај. Овој чај помога за намалување на крвниот притисок, а помага и кај парадентозата. Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат малините и капините, кои освен што се вкусни, во својот состав има благотворно дејство при многу здравствени проблеми. Исто така содржат биофлафоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на силни радикали. Ја зголемуваат апсорбацијата на витамнин Ц и помагаат во зачувување на колагенот.
Употреба Плодовите од малината се слаткокисели, многу вкусни, ароматични и лесно варливи. Малината е десертно овошје, а плодовите можат да се користат како свежи и замрзнати, како и за обработка на: сок, сируп, вино, природен ликер, компот, слатко, џем, мармалад, сладолед, кандирано овошје, малина во прав и друго. Листот практично се користи само во народната медицина, медицина за испирање на усните кај воспаление на нејзините слузокожи, кај воспалување на грлото и против дијареата. Влегува во состав на многобројни мешавини за лечење на заболени кардио-васкуларни болести, желудникот и цревниот систем, менструални и хормонски пореметувања и авитаминоза. Исто така влегува во состав на мешавина за ткн. пролетно чистење на крвта. Листот од малината може да замени некој чаеви, како што се индиски, грузиски и руски.
Во многуте земји плодот се користи во научната медицина како средство за исфрлање на течностите, кај дијарејата и дермитат. Екстрактот од плодот делува против вирусот. Покрај тоа тој го активира панкреасот на лачање на инсулин па со тоа го намалува шеќерот во крвта. Се користи и во прехранбената индустрија.
Во последно време се истражува делувањето на малината во злоќудните заболувања. Востановено е дека елагинската киселина, која ја има многу во малината, спречува размножување на ќелиите рак. Превентивно дејство има и плодот и чајот од листот на малината (и другите јајцести овошја: јагода, капина и др.). Во терапијата на злоќудните заболувања малините не се лек и не можат да го заменат, но се добра заштита од тие болести.
Производство Во 2023 година, светското производство на малини изнесувало 940.979 тони, предводено од Русија со 23% од вкупното производство (табела). Други големи производители биле Мексико, Србија и Полска. +Производство на малини 219.338 190.412 98.674 96.100 62.640 Свет 940.979
Галерија
Поврзано Јагода Капина Рибизла Боровинка
Наводи
Литература Др Станиша А. Пауновић, др Петар Д. Мишић и др Асен С. Станчевић:„Јагодасто воће“, НОЛИТ - Београд, 1974. Др Александар Шошкић: „Малина“, НОЛИТ - Београд, 1995. Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна књига, Београд, 1979. Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986. Дјук, А, Џ: Зелена апотека, Политика, Београд, 2005. Јанчић, Р: Лековите биљке са кључем за одређивање, Научна књига, Београд, 1990. Јанчић, Р: Ботаника фармацеутика, Службени лист СЦГ, Београд, 2004. Јанчић, Р: Сто наших најпознатијих лековитих биљака, Научна књига, Београд, 1988. Којић, М, Стаменковић, В, Јовановић, Д: Лековите биљке југоистичне Србије, ЗУНС, Београд 1998. Лакушић, Д: Водич кроз флору националног парка Копаоник, ЈП Национални парк Копаоник, Копаоник, 1995. Марин, П, Татић, Б: Етимолошки речник, ННК Интернационал, Београд, 2004. Миндел, Е: Витаминска библија, ФаМилет, 1997. Мишић Љ, Лакушић Р: Ливадске биљке, ЗУНС Сарајево, ЗУНС Београд, ИП Свјетлост, 1990 Стаменковић, Во: Наше нешкодљиве лековите биљке, Тренд, Лесковац Туцаков, Ј: Лечење биљем, Рад, Београд, 1984.
Категорија:Овошје Категорија:Капина (род)