thumb|десно|330px|Манастир Завала Манастир Завала припаѓа на захумско-херцегoвската и приморска епархија, дел е од Српската православна црква.Епархија захумско-херцеговска: Манастир Завала

Местоположба Манастирот се наоѓа во истоименото село во источниот дел на Попово поле, во подножјето на ридот ОстрогМанастир Завала, на околу 50 км западно од Требиње. Посветен е на Воведувањето на Пресвета Богородица. Црквата од северната страна е вовлечена во пештера.

Историја Не постојат сигурни извори за тоа кога и од кого е изграден манастирот. Според народните преданија, градбата на црквата се поврзува со првиот христијански цар Константин Велики, кој по изградбата на големата црква во Слано, стигнал во Завала, па откако видел дека жителите се побожни, решил да изгради храм. Црквата датира од 13 век судејќи по печатот од 1271 година.Епархија Захумско-херцеговска и приморска: Манастир Завала Првиот пишан траг за манастирот е потврда за продажба на лозје во Орахов Дол на манастирскиот игумен Серафијон, која датира од 1514 година.

Манастирската црква Архитектурата на црквата е условена со позицијата. Внатрешноста на црквата е насликана со фрески во 1619 година, кои се дело на хиландерскиот монах Георгиј Митрофановиќ, познат српски зограф од 17 век. Во овој манастир станал монах Василиј Острошки, кој е роден во блиското село Мркоњиќи. Во текот на Втората светска војна манастирот претрпел голема штета. Исто така голема штета претрпел манастирот и за време на последната војна, кога е и напуштен. По војната, обновени се црквата и конаците, извршена е реставрација на фреските, и монасите се вратиле.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Туристичка организација на Република Српска: Манастир Завала [Републички завод за заштиту културно-историјског и природног насљеђа: Република Српска: „Манастир Завала“, Окиљ Маријана, Бања Лука (2010), формат ПДФ. ISBN 978-99938-1-141-1., приступ 28.5.2013]

Завала Категорија:Манастири на Српската православна црква