мини|Лого на бандите на Њујорк Бандите на Њујорк (англиски: Gangs of New York) — американски историско-криминалистички филм од 2002 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо ди Каприо, Камерон Дијаз, Даниел Деј-Луис, Џим Бродбент, Џон Рајли и Хенри Томас. Филмот, снимен според книгата на Херберт Есбери, бил номиниран за наградата „Оскар“ во повеќе категории.
Содржина Во филмот се зборува за крвавите борби меѓу бандите во Њујорк во периодот на Американската граѓанска војна, во 1860-тите. Амстердам Валон (го игра Ди Каприо), младо момче со ирско потекло, доаѓа во злогласниот кварт Фајв Поинтс со намера да го одмазди својот татко, кој бил водач на бандите на ирските доселеници и кој бил убиен пред 16 години. Целта на Амстердам е Бил Касапот (го игра Деј-Луис), водачот на бандата на староседелците, кој е особено нетрпелив кон имигрантите. За да му се приближи поблиску, Амстердам ѝ се приклучува на бандата на Касапот, кој набргу стекнува доверба во него. Амстердам се вљубува во штитеничката на Касапот, Џени (ја игра Дијаз), но истовремено ја чека својата прилика.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Мартин Скорсезе Категорија:Филмови со Леонардо Ди Каприо Категорија:Филмови со Камерон Дијаз Категорија:Филмови со Даниел Деј-Луис Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови од 2002 година