Иџет Мемети (роден на година во село Раковец, Тетовско) — македонски политичар. Тој бил член на Советот на јавни обвинители. Мемети е поранешен народен правобранител кој ја извршувал функцијата од декември 2004 до 2020 година.
Животопис
Иџет Мемети дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина во 1986 година со положен правосудниот испит во Скопје.
Професионалното искуство го започнал во 1987 година како секретар во основното училиште во село Требош, Тетовско. Подоцна бил избран за заменик-секретар на Владата на Република Македонија, функција на која бил сѐ до 1999 година. Во 1999 бил номиниран за државен советник, а на двапати (во 2001, и ноември 2003) бил избран за Министер за правда, а од мај до ноември 2003 работел како судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.
Надворешни врски Народен Правобранител на Република Македонија
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски правници Категорија:Македонски политичари Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Луѓе од Раковец (Тетовско) Категорија:Македонски Албанци