мини|300п|Скијач во Франција. Скијање — вид превоз, рекреативна активност или натпреварувачки зимски спорт во кој учесниците користат скии за да се лизгаат по снегот. Повеќето видови скијање се признати од Олимпискиот комитет и од Меѓународната скијачка федерација.
Историја Скијањето има историја од скоро пет милениума. Сепак современото скијање се создало во Скандинавија, но се смета дека пред 100 века се вежбала во денешна Кина, според стари цртежи.
Зборот скијање е од норвешко потекло, но се користи меѓународно. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.The cradle of skiing (Norway – the official site in the United States)Skiing and the Creation of a Norwegian Identity (Norway – the official site in the United States)
Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година.
Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за превоз, а од тогаш се смета за рекреација и спорт. Армиските скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.
Опрема Опремата која се користи за скијање вклучува: Скии, кои можат да имаат кожа или восок за полесно лизгање. Чизми и ски-спојки Штеки Кациги и скијачка облека Ракавици за скијање
Поврзано Алпско скијање Алпска комбинација Спуст Супервелеслалом Велеслалом Слалом Скијалиште
Наводи
Категорија:Спортови Категорија:Зимски спортови Категорија:Скијање