Јањските Острови се наоѓаат во „јужниот џеп” на западниот дел на Република Српска, припаѓаат на општините Шипово на 9 км од нејѕиниот центар и околу 90 км од регионалниот центар на Бања Лука. По целата должина на Јањските Острови, тече истоимената река Јањ.Удаљеност Јања од центра Шипова

Во нејзината близина се наоѓаат населените места Бабиќи, Брдо, Ваган, Водица, Горица, Грбавица, Греда, Ѓукиќи, Кнежевиќи, Кичелово брдо, Липовача, Љуша, Мочиоци, Натпоље, Подобзир, Попуже, Прибељци, Стројице, Тодориќи, Чуклиќ и свте тие заедно ја сочинуваат историската, географска и културна област Јањ во општина Шипово.

Во непосредна близина се наоѓа и прашумата Јањ, како и Манастирот Глоговац.

Растителен и животински свет

Поради извонредната сочуваност на природата, разновидните живеалишта и специфични климатски услови, Јањските Острови се богати со растителен и животински свет. На овој простор се наоѓаат голем број на шуми, а во неговата околина и доста шумски висорамнини.

Реката е исклучително богата со риби — пастрмка и липљен. Околните шуми се живеалишта на многу диви животни — зајаци, волци, лисици, темни мечки, срни, диви свињи па и на рисот. Од птици во густите шуми може да се видат голем бел тетраб, љештарка, јастреб, сокол, орел, гулаби, клукајдрвци и многу други видови.

Релјефот е во најголем дел изграден од седиментни варовнички карпи и доломит. Варовничките површини се испресечени со бројни тектонски пукнатини на кои се створени бројни форми на релјеф (вртачи, долини, јами, пештери).

Клима

Јањските Острови во глобалниот климатски поглед се наоѓаат во појасот со умерено континентална клима.

Река Јањ

Реката Јањ тече низ извири 13 км јужно од Шипово на надморска височина од 612 м во исклучително длабок кањон чии стрмнини се преку 200 м.

Токму во Јањските острови, реката Јањ се разлева во многобројни поточиња кои после неколку километри повторно се спојуваат.

Туризам

Резерватот Јањски Острови е популарно туристичко место за излет и најатрактивно место за излет во Шипово. Мир, богатство со бујно зеленило, шуми и реката Јањ е онаа што најмногу ги привлекува туристите. Она што најмногу ги краси Јањските острови се големиот број на слапови, потоци и водопади кои се протегаат по должина на целото место. Местото е погодно за лов и риболов, а постои и можност за изнајмување на соба во селските домаќинства.

Во 2016 година на Јањските острови одржан е музички фестивал З.Е.Т. (забава, екологија и туризам) од Шипово на кој настапиле многобројни изведуваачи.

Галерија

Поврзано Општина Шипово Прашума Јањ Јањ Зет од Шипово

Надворешни врски

Туристичка организација на Република Српска Мрежно место на Општина Шипово

Категорија:Општина Шипово Категорија:Јањ Категорија:Туризам во Република Српска