За истоименото традиционално кралство видете Кралство Увеа.
Увеа (увејски: Uvea) или познат и како Валисов Остров или само Валис (француски: Wallis) — еден од трите големи острови на француската територија Валис и Футуна. Увеа е дел од Полинезија, островска група во Океанија. Увеа се наоѓа северно од Тонга, североисточно од Фиџи, источно од Ротума (Фиџи), југоисточно од Тувалу, југозападно од Токелау и западно од Самоа. Островот има површина од околу 100 км2 и население од околу 11.000 жители. Главен град на Увеа е Мата-Уту. Најголем јазик на островот е увејски јазик, а главна религија е христијанството (римокатолицизмот). Увеа е вулкански остров со плодна почва и има неколку езерца. Највисока точна на островот е планината Лока со 131 метар надморска височина. Островот е дел од традиционалното кралство со исто име.
Географија Вкупната површина на островот е 77,5 км2 и пречник на островот е околу 50 км. Највисока точка на островот е планината Лока со 131 метар. Островот е со вулканско потекло и поради тоа има повеќе езерца на островот, како што е на пример езерото Лалолало.
Увеа е оддалечен 240 км од Футуна и Алофи. Околу островот има 15 мали островчиња кои формираат корален гребен околу островот.
Административна поделба Увеа е поделен на три округа. Од север кон југ тие се: Хихифо: опфаќа пет села, Ваилала, Туфуоне, Ваитупу, Малае и Алеле. Хахаке : опфаќа шест села, Лику, Акаака, Мата-Уту, Ахоа, Фалалеу и Хафуасиа. Муа : опфаќа десет села, Лавегаху, Тепа, Гахи, Хатофо, Малаефоу, Колопо, Халало, Утуфуа, Ваималау и Теси.
округ („значење“) адм. центар површина население села Хихифо („запад“) Ваитупу 23.4 2422 5 Хахаке („исток“) Мата-Уту 27.8 3950 6 Муа („прв“) Малаефоу 26.3 3699 10 'Увеа Мата-Уту 77.5 10071 21
Демографија Според податоците од 2003 година, Увеа имал население од 10.071 жители, односно 67% од вкупното население на Валис и Футуна. Најголем јазик, а воедно и автохтон, е увејски јазик.
Транспорт Летови на островот врши само новокаледониската компанија Aircalin. Постои и поморски сообраќај со околните острови.
Образование На островот има околу 12 основни училишта,"LIVRET D'ACCUEIL Wallis et Futuna ." Wallis and Futuna. p. 22 (22/28). Посетено на September 14, 2016. четири средни училишта и едно вишо средно."Cartographie des établissements du second degré." Wallis and Futuna. June 24, 2016. Посетено на September 14, 2016.
Поврзано Увејски јазик Валис и Футуна
Белешки
Наводи E.G. Burrows, Ethnology of Uvea, BPB 1937.
, Volume I, Volume II-III
Надворешни врски Француски свет, јазично мрежно место Детална карта на Увеа Слики од Увеа Знаме на кралството Увеа Увејски зборови на Австронезиската база на основни зборови
Категорија:Увеа Категорија:Кратерски езера