„Часови на очајот“ (англиски: The desperate hours) — американски филм од 1955 година, во режија на Вилијам Вајлер по сценариото на Џозеф Хејс, засновано врз неговиот роман. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Фредрик Марч, Артур Кенеди, Марта Скот, Дјуи Мартин, Мери Марфи, Ричард Евер, Роберт Мидлтон, итн.

Содржина Дејството на филмот се одвива во едно богато предградие во САД, во средината на 1950-тите. Ден Хилијард (го игра Марч) живее мирен живот со сопругата Елинор (ја игра Скот), ќерката Синди (ја игра Марфи) и малиот син. Меѓутоа, идиличниот живот во тоа подрачје е нарушен од бегството на криминалецот Глен Грифин (го игра Богарт), осуден на повеќегодишна затворска казна поради убиство. Заедно со Грифин бегаат и неговиот помал брат Хал (го игра Мартин) и другарот Сем Кобиш (го игра Мидлтон). Бегајќи од полицијата, предводена од детективот Џеси Бард (го игра Кенеди), тројцата бегалци влегуваат во куќата на Ден, а Елинор ја земаат за заложник. На почетокот, Ден е сосема збунет и неспособен да го заштити семејството, но со текот на времето, ситуацијата почнува да се менува...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1955 година Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Трилери Категорија:Филмови на Вилијам Вајлер Категорија:Филмови со Хемфри Богарт Категорија:Филмови со Фредрик Марч Категорија:Филмови со Артур Кенеди Категорија:Црно-бели филмови