мини|300п|Староградскиот плоштад од кулата на Староградскиот дом. мини|Споменикот на Јан Хус мини|Црквата „Св. Никола“

Староградски плоштад () — историски плоштад во Стариот град на Прага, Чешка. Сместен е помеѓу Вацлавскиот плоштад и Карловиот мост.

Градби На плоштадот се застапени разни архитектонски стилови.

„Пресв. Богородица пред Тин“ — готска црква од XIV век со кули високи 80 м Прашки астрономски часовник на Староградскиот дом — астрономски часовник од 1410 г., трет по старост во светот и најстар кој сè уште работи. Кула на Староградскиот дом „Св. Никола“ (1737) Кински дворец (1755-65) — ликовен музеј на Националната галерија

Споменици Староградскиот плоштад има значаен споменик на верскиот реформатор Јан Хус, спален на клада за кривоверство во Констанц. Ова било повод за Хуситските војни (1419-1434). Статуата е подигната во 1915 г. по повод 500 години од неговата смрт.

Пред Староградскиот дом е сместен и паметникот на мачениците (како Јан Јесенски и Максимилијан Хоштјалек) погубени со обезглавување од Хабсбурговците по Битката на Бела Гора (1620). Во 1911 г. е поставена спомен-плоча со нивните имиња, а по Втората светска војна на плочникот се обележани 27 крста, на самото место на нивното погубување.

На плоштадот стоел Богородичниот столб, непосредно веднаш по Триесетгодишната војна (1618-1648), но бил срушен во Сè до 1918 г. чест на новостекнатата независност од Австроунгарија и основањето на Чехословачка.Cynthia Paces, "The Fall and Rise of Prague's Marian Column," Radical History Review 79 (2001) 141-155

Пазари

За Божиќ и Велигден, на плоштадот се одржуваат пазнични пазари, се става голема елка и бина со музичка програма.

Поврзано Вацлавски плоштад

Наводи

Надворешни врски

Староградски плоштад — Прашки информатор

Категорија:Плоштади во Прага Категорија:Национални споменици на културата на Чешка