Португалскиот е службен јазик во БразилСпоред Уставот на Бразил: "Art. 13. A língua portuguesa é o idioma oficial da República Federativa do Brasil." и го користи најголемиот дел од населението. Бразилскиот знаковен јазик е исто така службен јазик, додека малцински јазици се домородните јазици и јазиците на европските и азиските доселеници. Населението говори или користи околу 210 јазици, од кои 180 се домородни.Ethnologue Помалку од четириесет илјади луѓе всушност говорат еден од домородните јазици на бразилска територија.

Јазикот е еден од најсилните елементи во националната обединост на Бразил. Во рамките на Бразил нема големи дијалектни разлики на португалскиот јазик, само умерени регионални варијации во акцент и вокабулар.

Пишаниот јазик е стандарден на ниво на Бразил и ги следи националните правила на пишување и акцентирање, кои се прегледуваат од време на време за негово поедноставување. Со воведувањето на договорот од 1990 година, правописните норми на Бразил и Португалија се скоро исти, со само некои ситни разлики. Бразил ги вовел овие промени во 2009 година, а Португалија во 2012 година.

Во 2002 година, бразилскиот знаковен јазик станал службен јазик во Бразил.

Наводи

Надворешни врски Список на домородните јазици на Бразил