Сланска Река (во горниот тек позната како Дреновска Река) — река која извира на северните падини на Бушева Планина, на надморска височина од 1.300 метри. Поминува низ селото Дреново, каде што е позната и како Дреновска Река, а потоа и покрај селото Сланско, за на крајот да се влие во реката Треска, на надморска височина од 650 метри.

Реката е долга 10,2 километри и претставува десна притока на Треска.

Галерија

Поврзано Дреново Сланско Треска

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Дреново (Порече) Категорија:Сланско Категорија:Притоки на Треска