Бела Чешма — археолошко наоѓалиште во прилепското село Сенокос. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од селото, помеѓу железничката пруга и патот Мажучиште-Сенокос, каде се среќаваат остатоци од објекти од кршен камен и варов малтер, а има и многу фрагменти од керамички садови и питоси.
Поврзано Ашкулица — населба од доцноантичко време; Могила — населба од неолитско време; Пуста Црква — населба од римско време; Црква Св. Атанас — осамени наоди од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Сенокос (Прилепско)