Пекинг (, пинјин: Běijīng) — главен град на Народна Република Кина и еден од најнаселените градови во светот со население од околу 19,612,368 жители во 2010 година. Пекинг е политички, културен и образовен центар на државата, и истиот е дом на најголемите државни компании во Кина. Оваа метропола се наоѓа во северна Кина и се граничи со Хебеј на север, запад, југ и исток и со Тјенѓин на југоисток.

Пекинг е политички организиран како општина, која е под директа управа на владата. Пекинг е поделен на 14 урбани и супурбани окрузи како и од две рурални окрузи.Figures based on 2006 statistics published in 2007 National Statistical Yearbook of China and available online at 2006年中国乡村人口数 中国人口与发展研究中心 . Retrieved 21 April 2009. Пекинг е главен транспортен центар во државата, со голем број железнички и патни линии, како и директни воздушни линии со кои се поврзува со остатокот од светот.

Пекинг е еден од четирите големи стари главни градови на Кина. Градот бил во срцето на кинеската историја со векови, и поради тоа има голем број споменици од различни историски ери, кои сите имаат национална вредност. Градот е препознатлив по палатите, храмовите и големите камени ѕидови и порти. Уметничките богатства и универзитетите го направиле градот културен центар на кинескиот народ, како низ историјата, така и денес.

Најпрометна сообраќајница во јавниот превоз е Пекиншкото метро (), кое превезува над 9,7 милиони патници дневно.

Меѓународни односи Збратимени градови

Пекинг е збратимен со следниве градови:

Токио, Јапонија (1979) Белград, Србија (1980) Њујорк, САД (1980) Лима, Перу (1983) Вашингтон, САД (1984) Мадрид, Шпанија (1985) Рио де Жанеиро, Бразил (1986) Ил де Франс, Франција (1987) Келн, Германија (1987) Алжир, Алжир (1989) Аман, Јордан (1990) Анкара, Турција (1990) Каиро, Египет (1990) Џакарта, Индонезија (1992) Рига, Латвија Саун Пауло, Бразил Исламабад, Пакистан (1993) Бангкок, Тајланд (1993) Буенос Аирес, Аргентина (1993) Киев, Украина (1993) Сеул, Јужна Кореја (1993) Амстердам, Холандија (1994) Берлин, Германија (1994) Брисел, Белгија (1994) Ханој, Виетнам (1994) Москва, Русија (1995) Гаутенг Јужна Африка (1998) Отава, Канада (1999) Канбера, Австралија (2000) Атина, Грција (2005) Букурешт, Романија (2005) Будимпешта, Унгарија (2005) Хавана, Куба (2005) Манила, Филипини (2005) Адис Абеба, Етиопија (2006) Нур-Султан, Казахстан (2006) Хелсинки, Финска (2006) Лондон, Велика Британија (2006) Тел Авив, Израел (2006) Велингтон, Нов Зеланд (2006) Лисабон, Португалија (2007) Тирана, Албанија (2007) Доха, Катар (2008) Сантјаго, Чиле (2008) Сан Хосе, Костарика (2009) Каракас, Венецуела (2010) Даблин, Ирска (2011)

Партнери Пекинг е партнер со: Париз, Франција (1997) Рим, Италија (1998)

Пекинг како тема во популарната култура „Пекинг О.“ (Peking O.) - песна на германската рок-група „Кен“ (Can) од 1971 година.Discogs, Can ‎– Tago Mago (пристапено на 30.4.2020)

Наводи

Поврзано

Забранетиот град Градови во Кина Заштитени културно-историски места во Пекинг од државно значење

Надворешни врски

Владин портал на Пекинг

Економски профил на пекинг

Пекинг Категорија:Директно-управувани градови во Кина