Арсо Василев Поп Тодоров (на ) — деец на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета) и Бугарската комунистичка партија. Животопис Арсо Поп Тодоров е роден на 3 февруари 1900 година во Струмица. Емигрирал во Бугарија по Првата светска војна и живеел во Горна Џумаја (денес Благоевград), каде што во 1921 година станал член на Бугарската комунистичка партија. Поради дејноста како член на Окружното партиско раководство е осуден на затвор во 1924 година.Септемврийското въстание 1923, Партиздат, 1973, стр. 234. Во тој период се приклучува на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета). Во јули 1936 година е осуден заедно со уште 19 дејци на ВМРО (Обединета) откако бугарската полиција ја провали структурата.Тзавелла, Христофор, „Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски“, Македония Прес, София, 2003 г., стр. 17 Од 1937 година до 1939 година лежи во затвор во Сливен, Бугарија.

Тој станува нелегален во јули 1941, месец дена откако партијата одлучува да започне вооружена борба против режимот во Бугарија.История на антифашистката борба в България, т. I 1939/1943 г., С., 1976, стр. 211 Поради тоа првично е осуден на смрт но излегува од затвор во 1944 година. Починал на 28 февруари 1946 година на 46-годишна возраст како член на Областен комитет на БКП. Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО од Струмица Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета)