Документарист – ерменски документарен филм од 2003 година, во режија на Харутјан Хачатријан, кој е автор и на сценариото, заедно со Михаил Стамболтсјан и Валери Гаспарјан.
Содржина Главен протагонист на филмот е режисер на документарни филмови што со својата екипа снима различни субјекти. Навидум неповрзаните теми се ставени една до друга за да го создадат мозаикот на Ерменија во 1990-тите: деца питачи, осакатени деца напуштени од своите родители, новороденчиња, бегалци, бездомни кучиња, виновни и невини затвореници... Трагедијата на општеството во транзиција... И надежта, родена од екстремниот очај.
Наводи
Категорија:Ерменски документарни филмови Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Харутјан Хачатријан