десно|мини|300x300пкс|Контактот со тобоганот направил косата на ова дете позитивно да се наелектризира, така што секое поединечно влакнато се одделува од другите. Косата исто така се привлекува кон површината на негативно наелектризираниот тобоган. Статички електрицитет е нерамнотежа на електрични набој на површината на материјалот. Набојот останува сè додека се отстрани со помош на електрична струја или електрично празнење. Статички електрицитет е именуван во контраст со тековната електрична енергија, која тече низ жиците или други проводници и пренесува енергија.
Статички електричен полнеж може да се создаде кога две површини ќе стапат во контакт и ќе се одделат, и најмалку една од површините има висока отпорност на електрична струја (или е електричен изолатор). Ефектите на статички електрицитет се познати за сите, бидејќи луѓето може да ги чувствуваат, да ги слушнат, и дури да видат искра кога вишокот на полнење се неутрализира кога се донесе блиску до голем електричен спроводник или тело со вишок на полнеж од спротивниот поларитет (позитивен или негативен). Познат е феноменот на статичен шок поточно, електростатичко празнење кое е предизвикано од неутрализација на полнежот.
Создавање на статички електрицитет Материјалите се направени од атоми, кои се електрично неутрални, бидејќи тие содржат еднаков број на позитивни (протони во нивните јадра) и негативни полнежи (електрони околу јадрото). Феноменот на статички електрицитет бара поделба на позитивни и негативни полнежи. Кога две материјали ќе стапат во контакт, електроните може да се движат од еден материјал на друг, што остава вишок на позитивен полнеж на еден материјал, и еднаков негативен полнеж на другиот. Кога материјалите се одделени тие ја задржуваат оваа нерамнотежа на полнеж.
Поделба при контакт-индуциран полнеж
Електроните може да се разменуваат помеѓу материјали при контакт; материјали со слабо врзани електрони имаат тенденција да оддадат, додека материјали со ретко исполнет надворешен слој имаат тенденција да ги примаат. Ова е познато како трибоелектричен ефект и резултира еден материјал да стане позитивно наелектризиран а другиот негативно наелектризиран. Поларитетот и силата на полнење на материјалот откако тие ќе се разделат зависи од релативната позиција во трибоелектричната серија. Трибоелектричниот ефект е главната причина за статички електрицитет како што е забележано во секојдневниот живот вклучувајќи триење на различни материјали (на пример, крзно со акрилик прачка). Делбата на контакт-индуцираниот полнеж предизвикува косата да се крене, пример, балон протриен низ косата станува негативно наелектризиран, во близина на некој ѕид, наелектризираниот балон се привлекува кон позитивно наелектризираните честички во ѕидот, затоа тој може да се "залепи" за него.
Поделба при притисок-индуциран полнеж
Применува механички стрес генерира поделба на полнежот во одредени видови на кристални и керамички молекули.
Поделба при топлински-индуциран полнеж
Греењето генерира поделба на полнежите во атомите или молекулите на одредени материјали. Сите пироелектрични материјали се исто така пизоелектрични. Атомските или молекуларните својства на топлина и притисок, се тесно поврзани.
Поделба при полнеж-индуциран полнеж
Наелектризирано тело принесено блиску до електрично неутрален објект предизвикува одвојување на полнежите во рамките на неутралениот објект. Истоимени полнежи се спротивставуваат а разноимените полнежи се привлекуваат. Како што силата создадена при интеракција на електрични полнежи опаѓа со зголемување на растојанието, ефектот на поблиските (разноимени) полнежи е поголема и двете тела се привлекуваат. Ефектот е најголем кога неутралниот објект е спроводник бидејќи полнежите се слободни. Заземјувањето на дел од телото со полнеж-индуцирана поделба на полнеж може трајно да ги додава или отстранува електроните, оставајќи го телото со глобален, траен полнеж. Овој процес е составен дел на работата на генераторот на Ван де Граф, уред кој се користи за да се покажат ефектите на статички електрицитет.
Отстранување и превенција на статичкиот електрицитет Отстранување или спречување на натрупувањето на статичкиот набој се одвива при отворање на прозорец или со користење на овлажнител да се зголеми содржината на влага од воздухот, со што атмосферата станува по спроводлива.
Многу полуспроводнички уреди кои се користат во електрониката се особено чувствителни на статичко празнење. Проводнички антистатички кеси најчесто се користат за да се заштитат такви компоненти. Луѓето кои работат со електрични кола кои ги содржат овие уреди често се изолираат себе со проводнички антистатички каиш.
Во индустриските услови како во болници, антистатичките безбедносни ракавици понекогаш се користат за да се спречи натрупувањето на статички набој поради контакт со подот. Овие чевли имаат ѓон со добра спроводливост. Анти-статички чевли не треба да се збунат со изолациони чевли, кои го предизвикуваат спротивното – одредена заштита од сериозни електрични шокови од мрежниот електричен напон. мини|Мрежна картичка во антистатичка торба.мини|Антистатичка алка со крокодилски клип.
Статичко празнење Искрата од статичкиот електрицитет е предизвикана при електростатичко празнење, или, со статичко празнење, кога вишокот на полнеж се неутрализира со протекување на полнежите од или до околината.
Чувството на електричен шок е предизвикан од стимулација на нервите додека неутрализираниот полнеж тече низ човечкото тело. Енергијата која се зачувува како статички електрицитет на некое тело варира во зависност од големината на телото и неговиот капацитет, напонот, и диелектричната константа на околината. Како модел на дејството на статичното празнење на чувствителни електронски уреди, човечкото тело е претставено како кондензатор на 100 пикофаради, со напон од 4000 до 35000 волти. При допир на објектот оваа енергија се испушта во помалку од една микросекунда.Carlos Hernando Díaz, Sung-Mo Kang, Charvaka Duvvury, Modeling of electrical overstress in integrated circuits Springer, 1995 page 5 Иако вкупната енергија е мала, од редот на милиџули, сепак може да ги оштети чувствителните електронски уреди. Поголеми објект можат да складираат повеќе енергија, која може да биде опасна при контакт или може да им оддаде некоја искра што може да се запали во запалив гас или прашина.
Молња десно|мини|Природно статичко празнење Молња е природен пример на статичко празнење. Додека деталите се нејасни и остануваат предмет на дебата, почетната поделба на полнежите се смета дека е поврзана со контакт помеѓу ледени честички во облаците. Во принцип, значителни акумулации на полнежи можат само да се создадат во деловите со ниска електрична спроводливост (многу мал број на полнежи слободно да се движат во околината), па оттука излегува протокот на неутрализирани полнежи често резултат од неутрални атоми и молекули во воздухот кои се кинат, за да се формираат одделни позитивни и негативни полнежи, кои патуваат во спротивни насоки како електрична струја, неутрализирајќи ја првобитната акумулација на полнежот. Статичкиот набој во воздухот обично се распаѓа на овој начин на околу 10.000 волти по сантиметар (10 kV/cm) во зависност од влажноста. Празнежот го затоплува околниот воздух предизвикувајќи светлина, и произведува ударен бран кој предизвикува звук. Громот е едноставно поголема верзија на искри присутни кај повеќе домашни појави на статичко празнење. Громот се јавува поради тоа што воздухот се загрева до таква висока температура така што емитира светлина. Триперот на громот е резултат на ударен бран создаден како затоплениот воздух експлозивно се проширува.
Електронски компоненти Многу полуспроводнички уреди кои се користат во електрониката се многу чувствителни на присуството на статички електрицитет и можат да бидат оштетени од статичко празнење. Употреба на антистатички појас е задолжителна за истражувачите при манипулирање на наноуреди. Дополнителни мерки на претпазливост може да се преземат ако се соблечат чевли со дебел гумен ѓон и постојано да се поставени на метална површина.
Статичко натрупување кај течните запаливи материјали Празнење на статичкиот електрицитет може да создаде сериозни опасности кај оние индустрии кои се занимаваат со запаливи супстанции, каде мали електрични искри можат да запалат експлозивни смеси.
Лебдењето на ситни правливи супстанции или течности со ниска спроводливост во цевки или преку механичка агитација можат да изградат статички електрицитет.Wagner, John P.; Clavijo, Fernando Rangel Electrostatic charge generation during impeller mixing of used transformer oil Department of Nuclear Engineering, Safety Engineering and Industrial Hygiene Program, Texas A&M University, College Station, online 21 August 2000; accessed Jan 2009 Протокот на гранули од материјали како песок по пластична цевка може да пренесе на полнеж, кој лесно може да се измери со користење на мултиметар поврзан со метална фолијата која ја покрива цевката, и може да биде доволно пропорционален за да предизвика проток.Downie, Neil A., Exploding Disk Cannons, Slimemobiles and 32 Other Projects for Saturday Science (Johns Hopkins University Press (2006), , chapter 33, pages 259-266 "Electric Sand" Прашинските облаци на ситните правливи супстанции можат да станат запаливи или експлозивни. Кога има статичко празнење кај облак од прашина или пареа, тие експлодираат. Меѓу главните индустриски инциденти кои се случиле се: силос за жито во југозападна Франција, фабрика за боја во Тајланд, фабрика за изработка на фиберстаклени украси во Канада, експлозија на резервоар во Фленпул, Оклахома во 2003 година, и при полнење на подвижен резервоар и фабрика за тенкови во Дес Моинес, Ајова и Канзас во 2007 година.Storage Tank Explosion and Fire in Glenpool, Oklahoma April 7, 2003 National Transportation Safety BoardStatic Spark Ignites Flammable Liquid during Portable Tank Filling Operation Chemical Safety Board October 29, 2007
Способноста на течноста да задржи електростатичко полнење зависи од нејзината електрична спроводливост. Кога течности со ниска спроводливост течат низ цевководи или се механички променети, поделбата на контакт индуцираниот полнеж се нарекува појава на проток на електрификацја. Течностите кои имаат ниска електрична спроводливост (под 50 пикосименти на метар), се нарекуваат акумулатори. Течностите кои имаат спроводливост над 50 pS/m се нарекуваат не-акумулатори. Во не-акумулаторите, полнежите се местат што побрзо откако тие се разделени и оттука акумулацијата на електростатичкото полнење не е важна. Во петрохемиската индустрија, 50 pS/m се препорачува како минимум вредност на електрична спроводливост за правилно и безбедно отстранување на полнеж од течност.
Керосинс може да имаат спроводливост која се движи од помалку од 1 пикосименс на метар до 20 pS/m. За споредба, дејонизираната вода има спроводливост од 10,000,000 pS/m или 10 µS/m.Chevron Corporation Aviation Fuels Technical Review 2006, accessed Dec 2008
Масло за трансфоматор е дел од електричниот изолационен систем со моќни трансформатори и други електрични апарати. Повторното пополнување на големите апарати бара мерки на претпазливост против електростатичкиот полнеж на течноста, која може да ја оштети чувствителната изолација на изолаторот.
Важен концепт за изолација на течности е статичкото време на релаксација. Ова е слично на временската константа τ (tau) во рамките на RC коло. За изолациони материјали, тоа е односот на статичните диелектричните константи поделени со електричната спроводливост на материјалот. За јаглеводородни течности, ова понекогаш е пресметано со делење на бројот 18 и електричната спроводливост на течноста. На тој начин течност која има електрична спроводливост на 1 pS/m има околу 18 секунди време на релаксација. Вишокот на полнежот во течноста ја снемува речиси во целост по четири до пет пати од времето на релаксација, или 90 секунди за течноста во примерот погоре.