Халтерн ам Зе (), до 2001 г. само Халтерн) — град и општина во округот Реклингхаузен на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Сместен е на бреговите на реката Липе и каналот Везел-Дателн, северно од Реклингхаузен и околу северно од Диселдорф.
Историја Градот е основан на 3 февруари 1289 г. и добил градски права од кнезот-епископ од Минстер, Еверхард фон Динштаг. Сè декември 2001 г. градот се нарекувал само „Халтерн“ ().
Во Кристалната ноќ во 1938 г. се нападнати разни објекти на еврејската заедница како синагогата, гробиштата, дуќаните и домовите. Подоцна градските Евреи се однесени во логори; последните петмина се однесени во 1942 г. Само едно лице преживеало, и денес по него е наречено улилиштето „Александар Лебенштајн“.
Галерија
Познати личности Бенедикт Хеведес — фудбалер на ФК Јувентус и германски репрезентативец Јозеф Кениг (1843-1930) — хемичар, по кого е наречена гимназијата; роден е во Лавезум (во состав на Халтерн) Кристоф Мецелдер — поранешен фудбалер за ФК Борусија Дортмунд и Шалке 04 Бодо Климпел — градоначалник на Халтерн; роден во Руркела во сојузната држава Одиша, Индија
Збратимени градови Халтерн е збратимен со следниве места:
округ Рочфорд, Есекс, Обединето Кралство Рост-Варенден, Франција Санкт Фајт на Глан (Шентвид на Глина), Австрија Нориџ, Обединето Кралство
Поврзано Халтернско Езеро — вештачко езеро
Наводи
Надворешни врски
Портал на Халтерн на Езеро Римската тврдина во Халтерн — Livius
Категорија:Градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Реклингхаузен (округ) Категорија:Ханза Категорија:Вестфалија (покраина)