Тобајас Херис (роден на 15 јули 1992 година) е американски кошаркар, крило на Филаделфија Севентисиксерс во НБА.
Херис одиграл една кошаркарска колеџ сезона со екипата на Тенеси, пред да биде драфтуван во летото 2011 од Шарлот Бобкетс, како 19-ти пик во првата рунда, а подоцна бил разменет со други играчи и завршил во Милвоки Бакс.
Животопис Тобајас е постар брат на Тајлер Херис и братучед на Ченинг Фрај, кои исто така се професионалнии кошаркари.
Колеџ кариера Херис играл кошарка на колеџ за Тенеси Волунтирс. Во неговата фрешмен (бруцошка) година, сезоната 2010-2011 тренер на Волунтирс бил Брус Перл. Тој играл на позицијата поинт форвард, нешто како микс помеѓу крило и плејмејкер, во нападот на Перл. Тој бил оценет како еден од најпостојаните и најразноврсните играчи на нацијата во неговата генерација. Херис бил рангиран како 5-ти помеѓу сите фрешмен играчи со просек од 15.3 бода и 7.3 скокови по натпревар. Тој бил избран и во Ол-Фрешмен тимот за таа сезона.
На 9 мај 2011 година, Херис објавил дека ќе се пријави за НБА Драфтот, откажувајќи се од последните три години на колеџ.
Статистика на колеџ
|style="text-align:left;"|2010–2011 |style="text-align:left;"|Тенеси | 34 || 33 || 29.2 || .460 || .303 || .753 || 7.3 || 1.3 || .7 || .9 || 15.3
Професионална кариера Милвоки Бакс (2011-2013) На 23 јуни 2011 година, Херис бил избран како 19-ти пик на НБА драфотот 2011 од Шарлот Бобкетс. Меѓутоа тој бил разменет во Милвоки Бакс вечерта на денот на драфтот. На 10 декември 2011, тој го потпишал неговиот руки договор со Бакс. Херис го направил своето деби во НБА на 7 јануари 2012 година против Лос Анџелес Клиперс, пред да биде најдобар стрелец на својот тим со 15 коша ден подоцна во натпреварот против Финикс Санс на 8 јануари. Тој се појави во 42 натпревари за време на неговата дебитантска сезона (во девет како стартер), забележувајќи во просек 5.0 бода, 2.4 скока и 0.5 асистенции за 11.4 минути по натпревар.
На 24 октомври 2012 година, Бакс ја искористиле својата опција за продолжување на руки договорот за трета година, со која Херис требало да остане во клубот и за сезоната 2013-2014.
Орландо Меџик На 21 февруари 2013 година, Херис бил разменет, заедно со Дорон Ламб и Бено Удрих во Орландо Меџик, во замена за Џеј Џеј Редик, Густаво Ајон и Иш Смит. Времето на играње на Херис забележало значителен пораст во Орландо, а и неговите статистики го следеле истото. Херис за повеќе од трипати ги зголемил своите бодови во просек по натпревар, и за повеќе од четири пати го зголемил бројот на својте скокови, асистенции и блокади по натпревар.
На 26 октомври 2013 година, Меџик ја искористиле својата тимска опција за задржување на Херис за четврта година, продолжувајќи му го договорот преку сезоната 2014-2015.
На 24 јануари 2014 година Херис забележал 28 бода и највисоки во кариерата 20 скокови во победата со 114-105 над Лос Анџелес Лејкерс. На 2 март 2014 година, тој постигнал највисоки во кариерата 31 бод во победата 92-81 над Филаделфија Севентисиксерс.
На 6 февруари 2015 година, Херис поставил нов рекорд во својата НБА кариера постигнувајќи 34 бода во победата со 103-97 над Лос Анџелес Лејкерс.
На 14 јули 2015 година, Херис повторно нов четиригодишен договор со Меџик вреден 64 милиони долари.
Детроит Пистонс
На 16 февруари 2016 година, Херис бил трејдуван во Детроит Пистонс во замена за Ерсан Илијасова и Брендон Џенингс. Три дена подоцна тој го направил своето деби за Пистонс, постигнувајќи 21 бод од клупата во поразот со 98-86 од Вашингтон Визардс. Пистонс го завршиле регуларниот дел од сезоната како осми во Источната конференција со скор од 44-38, и за првпат по 2009 година се пласирале во плејофот. Тоа било прво учество во НБА плејофот за Херис, кој стартувал во секој од четирите натпревари (со просек од 14.5 бода, 9.5 скокови и 3 асистенции) во серијата од првата рунда против Кливленд Кавалиерс, во која Пистонс биле исчистени со 4-0.
Следната сезона Херис ја започнал во почетната петорка на Пистонс, но кон крајот на декември го загубил местото од Џон Луер.Leuer-for-Harris swap has helped Detroit Pistons - so far На 23 декември 2016 година, Херис за првпат во сезоната 2016-2017 започнал натпревар од клупата и подоцна успеал да постигна највисоки за него во сезоната 26 бода во поразот со 119-113 од Голден Стејт Вориорс. Тој подоцна се вратил во почетната постава и на 11 март 2017 година, го поправил својот сезонски учинок достигнувајќи до 28 бода во победата од 112-92 над Њујорк Никс.
Во сезоната 2017-2018, Херис повторно е стартер за Пистонс но сега во нова улога, на позицијата крилен центар, по заминувањето на Маркус Морис во Бостон Селтикс. На 25 октомври 2017 година, Херис го изедначил својот најдобар резултат во кариерата постигнувајќи 34 бода во победата со 122-101 над Минесота Тимбервулфс. На 13 ноември 2017 година, тој бил избран за играч на неделата во Источната конференција за неделата од понеделник 6 ноември до недела 12 ноември. На 26 декември 2017, Херис постигнал 21 бод во првата четвртина од својте 30 во победата на Пистонс над Индијана Пејсерс со 107-83.
Лос Анџелес Клиперс На 29 јануари 2018, Херис заедно со соиграчите Ејвери Бредли и Бобан Марјановиќ, како и еден иден пик во првата рунда и еден иден пик во втората рунда, бил трејдуван во Лос Анџелес Клиперс во замена за Блејк Грифин, Брајс Џонсон и Вили Рид.
НБА статистика на кариерата Општи податоци Статистика од 24 декември 2017 Најмногу бодови на еден натпревар: 34 двапати, против Лос Анџелес Лејкерс (6/2/2015) и против Минесота Тимбервулфс (25/10/2017) Најмногу скокови: 20 против Лос Анџелес Лејкерс (24/1/2014) Најмногу асистенции: 8 против Бруклин Нетс (8/1/2016) Најмногу украдени топки: 5 против Детроит Пистонс (17/11/2014) Најмногу погодени тројки: 6 против Минесота Тимбервулфс (25/10/2017)
Регуларен дел од сезоната
| align="left" | 2011-2012 | align="left" | Милвоки | 42 || 9 || 11.4 || .467 || .261 || .815 || 2.4 || .5 || .3 || .2 || 5.0 |- | align="left" | 2012-2013 | align="left" | Милвоки | 28 || 14 || 11.6 || .461 || .333 || .885 || 2.0 || .5 || .3 || .3 || 4.9 |- | align="left" | 2012-2013 | align="left" | Орландо | 27 || 20 || 36.1 || .453 || .310 || .721 || 8.5 || 2.1 || .9 || 1.4 || 17.3 |- | align="left" | 2013-2014 | align="left" | Орландо | 61 || 36 || 30.3 || .464 || .254 || .807 || 7.0 || 1.3 || .7 || .4 || 14.6 |- | align="left" | 2014-2015 | align="left" | Орландо | 68 || 63 || 34.8 || .466 || .364 || .788 || 6.3 || 1.8 || 1.0 || .5 || 17.1 |- | align="left" | 2015-2016 | align="left" | Орландо | 49 || 49 || 32.9 || .464 || .311 || .784 || 7.0 || 2.0 || 1.0 || .6 || 13.7 |- | align="left" | 2015-2016 | align="left" | Детроит | 27 || 25 || 33.4 || .477 || .375 || .911 || 6.2 || 2.6 || .7 || .4 || 16.6 |- | align="left" | 2016-2017 | align="left" | Детроит | 82 || 48 || 31.3 || .481 || .347 || .841 || 5.1 || 1.7 || .7 || .5 || 16.1 |- | style="text-align:center;" colspan="2"| Кариера | 384 || 264 || 28.8 || .469 || .332 || .809 || 5.6 || 1.6 || .7 || .5 || 13.8
Плејоф
| align="left" | 2016 | align="left" | Детроит | 4 || 4 || 39.0 || .457 || .333 || .923 || 9.5 || 3.0 || .8 || .8 || 14.5 |- | style="text-align:center;" colspan="2"| Кариера | 4 || 4 || 39.0 || .457 || .333 || .923 || 9.5 || 3.0 || .8 || .8 || 14.5
Наводи
Надворешни врски
Тобајас Херис на ESPN Тобајас Херис на basketball reference Тобајас Херис на rotoworld
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Играчи во НБА Категорија:Играчи на Милвоки Бакс Категорија:Играчи на Орландо Меџик Категорија:Играчи на Детроит Пистонс Категорија:Родени во 1992 година