мини|Лого Андалусиски пес (француски: Un chien andalou) - француски краток филм од 1929 година, во режија на Луис Буњел, кој е автор на сценариото, заедно со Салвадор Дали. Главните улоги во филмот ги играат: Пјер Бачеф и Симоне Мареил. Содржина Филмот започнува со сцената во која еден човек се бричи, а потоа со бричот го пресекува окото на една девојка. Во продолжение се редат бројни необични сцени: еден човек носи мала кутија и паѓа пред една зграда, а тоа го набљуудва една девојка, која го зема човекот во својот стан. Надвор, на улицата лежи пресечена дланка околу која се собрала група минувачи. Тогаш, доаѓа полицаец, кој ѝ ја дава кутијата со дланката на една млада девојка. Истовремено, во зградата, младиот човек се обидува да ја обљуби девојката, но таа успева да побегне. Тој ја брка девојката и тогаш се појавува друг човек во кој првиот пука со револвер. Во следната сцена, телото на убиениот лежи крај една река, а на крајот од филмот, младиот човек и девојката се прикажани на морскиот брег.IMBd, Un Chien Andalou (1929) (пристапено на 23.10.2017)
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Експериментални филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови од 1929 година Категорија:Филмови на Луис Буњел Категорија:Надреалистички филмови