220п|мини|десно| Црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево претставува седиште и главен соборен храм на Кичевското архијерејско намесништво Кичевско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво, едно од петте намесништва при Дебарско-кичевската епархија, а го носи називот според градот Кичево во кое се наоѓа седиштето. Соборен храм и седиште на Кичевското архијерејско намесништво е храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево. Ова намесништво е составено од 5 парохии со 92 изградени цркви (ако се земат оние кои се изградени по 2017 година ќе бидат околу 95). Кичевски архиерејски намесник е протоерејот Стевчо Тошевски, а старешина на Соборниот храм: „Свети апостоли Петар и Павле“ е ерејот Александар Матески.

Парохии. Намесништвото е составено од 5 парохии со одлука број 65 од 11.II.2011 година, а со важност од 01.III.2011 година, а тоа се: Прва кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - ереј Александар Матески); Втора кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (нема парохиски свештеник); Трета кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - протоереј Стевчо Тошевски); Четврта кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (парохиски свештеник - ереј Ристо Камбуроски); Петта кичевска парохија - седиште во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ - Кичево (нема парохиски свештеник).

Оваа парохија моментално ја опслужуваат тројца свештеници: протоереј Стевчо Тошевски, ереј Ристо Камбуроски и ереј Александар Матески. Има и уште еден свештеник без парохија, а тоа е ереј Александар Крстаноски, којшто е доктор на науки и моментално е доцент на Православниот богословски факултет.

Официјална страница Официјална Facebook страница на Кичевското архиерејско намесништво е: https://www.facebook.com/kicevska.parohija/.

Наводи

Категорија:Кичевско архијерејско намесништво Категорија:Архијерејски намесништва во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Архијерејски намесништва на МПЦ