"Chicken-n-Beer" во превод "Кокошка(кокошки) и пиво", е трет студиски албум од американскиот рапер Лудакрис. Издаден е на 7 Октомври, 2003 под Disturbing Tha Peace и Def Jam. Албумот е снимен помеѓу 2002 и 2003 година. Овој албум е исто како и претходните албуми на Лудакрис, со брз, див стил, со иста тема. Исклучок прави песната "Blow It Out" која е против Бил Орајли.
Стил Лудакрис во овој албум го користи својот, див, брз, но едноставен стил со многу метафори, како и во претходните негови албуми.
Продажба Албумот дебитираше на првото место на US Billboard 200, станувајќи првиот албум на Лудакрис кој дебитирал на првото место на листата.Во првата недела албумот продал 429,000 копии, кој е многу подобар старт од претходниот албум на Лудакрис наречен "Word of Mouf" кој дебитирал со 282,000 копии во првата недела. На 18 Јуни, 2004 албумот е сертифициран трипати платина за продавање на 2 милиони копии. За разлика од другите албуми на Лудакрис, овој албум дебитирал за првпат и надвор од Америка. Дебитирал на 98то место во Австралја. До ден денес, ова е најуспешниот албум на Лудакрис.
Список на песни