Тони Вода — карсно поле и висорамнина на планината Бистра, во кое се наоѓа понор во кој тоне водата поради, што го добило името Тони Вода. Се наоѓа помеѓу Маврово и врвот Царевец на североисток и Галичник и врвот Меденица на југозапад и низ него минува асфалтниот пат кој ги поврзува овие две места.
Кога се патува кон Галичник, веднаш по напуштањето на областа Царевец, се појавува пространа висорамнина со мали езерца, и во следните 2 километри патот води низ неа. Позната е како Тонивода поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува меѓу камењата и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец.
Објаснувањето за пропустливоста на камењата е едноставно - Тонивода претставува огромно карсно поле, второ по големина на планината Бистра, иако и самата рекичка која минува низ неа исто така е позната како Тонивода. Поради константната загуба на вода, за време на доцната пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди без врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода.
Галерија
Наводи
Категорија:Бистра Категорија:Карсни полиња во Македонија