Селска Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во селската црква „Св. Ѓорѓи“, каде се наоѓаат неколку антички сполии од мермер, и тоа: плоча со релјефна претстава на две жени, коринтски капител, торзо од статуа, голема ара и мермерна плоча со претстава на Тракиски коњаник.
Поврзано Ѓупско Кале — тврдина од доцно хеленистичко време; Старо Гумно — некропола од римско време; Бара — некропола од римско време; Селиште — населба од римско време; Два Даба — населба од римско време; Манастириште — населба од римско време; Стара Река — осамен наод од римско време; Црквиште — базилика од старохристијанско време; Крст — некропола од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Слепче (Прилепско)