Еро (, ) — департман во регионот Окситанија, јужна Франција. наречен е по реката Еро која тече низ него. Седиште на департманот е градот Монпелје.
Историја Ова е еден од изворните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Издвоен е како дел од дотогашната покраина Лангдок.
На почетокот на XX век, лозарството во департманот настрадало од мала побарувачка и распространети лозови заболувања. На бунт се кренале илјадници малостопанственици, но биле сурово задушени од власта на Жорж Клемансо.
Во 1956 г. маслинарството настрадало од катастрофални мразови и предизвикале штета која се поправила дури во 1980-тите. Поради ова дошло до затворање на многу маслинарски кооперативи.
Во втората половина на XX век, низината на Монпелје доживеала огромен подем на населението.
Географија
Еро му припаѓа на регионот Окситанија и е обиколен со департманите Од, Тарн, Аверон, Гар и Средоземното Море (Лиоснкиот Залив) на југ. Се одликува со голема географска разновидност: на југот има плажи, на северот е планинскиот венец Севени, а помеѓу нив се протегаат земјоделските предели.
Поважни реки се Орб, Еро и Видурл.
Градот Лодев е географски антипод на Четемскиот Остров источно од Нов Зеланд.
Клима мини|Христос во ранохристијанска камена резба на саркофаг од Еро. VI век. Просечната дневна температура во Еро изнесува во јули и август, а во декември и јануари.
Култура Во Монпелје се одржуваат следниве манифестации:
Детски фестивал (Saperlipopette, voilà Enfantillages!) „Пролет на комичарите“ (Printemps des Comédiens) Фестивал на средоземниот филм (Festival du Cinéma Méditerranéen) „Комедија на книгата“ (Comédie du Livre) Фестивал на Радио Франција Монпелје (Festival Radio-France Montpellier) Танцов фестивал (Festival Montpellier Danse) „Го сакам техното Европа“ (I Love Techno Europe)
Јужниот Канал (Канал ди Миди) е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.
Туризам Најголема улога во туризмот на Еро играат плажите, но популарни се и пештерите Кламус и Демоазел.
Поранешниот кралски град Пезенас е едно од најстарите заштитени градски подрачја во земјата со преку 30 забележителни зданија, камени скалила, дворови и украсени фасади — сето на површина од само 17 ха.
Кап Дагд во Агд има големо нудистичко одморалиште.
Популарни се крстарењето по Јужниот Канал, како и возењето велосипедии пешачењето по кејот.
Поврзано Општини во Еро Кантони од Еро Окрузи во Еро Еро (река)
Надворешни врски
Управен портал на Еро Генерален совет на Еро Туристички портал на Еро Јужен Канал
Категорија:Департмани во Окситанија
Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година