мини|300п|десно|Местоположбата на областа во округот Холцминден
Холцминден () — слободна област во истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседниот град Холцминден. Областа целосно се наоѓа на ридовите Золинг.
Има површина од 15,01 км2Сојузна статистичка служба на Германија, Alle politisch selbständigen Gemeinden mit ausgewählten Merkmalen am 30. September 2013 и се граничи со општината Беверн на север, со слободната област Мерксхаузен на исток и со градот Холцминден на југ и на запад во истиот округ.
Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 505.
Наводи
Категорија:Холцминден (округ) Категорија:Нездружени подрачја во Долна Саксонија