HO (H0 во континентална Европа) е најпопуларен размер во железничкото моделарство во најголемиот дел на светот.
Името е добиено од германскиот израз Halb-null што значи половина-нула, бидејќи 1:87 размерот е приближно половина од размерот О.
Според размерот HO, 3,5 мм претставува 1 стапка; овој несмасен однос e околу 1:87,086. Така што во размерот HO меѓупросторот помеѓу шините обично е 16,5 мм независно кој од моделите е од стандардните пруги на 4'8,5".
Историја HO скалата за првпат се појавува во Англија во 1930 година, како алтернатива на размерот ООта, која се потврдува како несоодветна за моделите на возови. Нејзината популарност и практичност ја зафаќа во доцните 1950-ти години и Америка.
Во 1960 година популарноста на размерот HO веќе ја надминува и размерот О.
Денес размерот HO е најпопуларна железнички моделарски размер, нарочно во континентална Европа и Северна Америка, за разлика од размерот ОО кој е сѐ уште најпопуларен во Англија.
Варијанти HO скалата има повеќе потесни линии како претставници на теснолинејски железнички линии како одговор на нормалната линија во размер HO. Варијации на размерот HO
Размер Колосек Прототип Забелешка
HO 16,5 мм нормален <td>1435 мм колосек HOm 12 мм метарска <td>1000 мм колосек HOn3 - 1/2 12 мм 3'6" 3'6" е стандардна ширина во Африка, Австралија, Нов Зеланд и сите други линии освен линиите на „Шинкансен“ во Јапонија
HOn3 10,5 мм 36"
HOn30 / HOe 9 мм 30" Типично за линии во 24-30" ширина, особено HOe од 750 мм која постои во поранешните југословенски простори.
HOz / HOf 6,5 мм 15" Популарен HOf во Европа и во Република Македонија поради постоењето на теснолинејка од 600 мм.
Надворешни врски Atlas Model Railroad Layout Tours A-L Layout Tours M-Z
Надворешни врски во дискусиони групи Forum lokomotive Дискусиона група zeljeznice.net Дискусиона група Vlaki info Дискусиона група
Поврзано Железничко моделарство Железница Пруга
Категорија:Размери во железничкото моделарство