Тревор Мбакве (роден на 24 јануари 1989 во Сент Пол) е американски кошаркар, центар на Ауксилиум Торино.
Тој исто така има нигериско државјанство и има право да настапува за нигериската репрезентација.
Кариера Колеџ Пред да присуствува на Универзитетот во Минесота, Мбакве играл на Универзитетот Маркет за сезоната 2007-2008 каде што страдал од хронични повреди на коленото. За сезона 2008-2009, тој се префрлил на Колеџот Мајами Дејд и го предводел својот тим на до титулата на јужната конференција. За сезоната 2009-2010 тој се префрлил на Универзитетот во Минесота каде се истакнал со бројот на скокови, запишувајќи 10.5 скока по натпревар и исто така завршил на третото место на вечната листа по бројот на остварени скокови на Универзитетот Минесота со вкупно 327 скокови.
Професионална кариера Во јули 2013 година, Мбакве го потпишал својот прв професионален договор и тоа со италијанската екипа Виртус Рома. На 22 август 2013 година официјално било потврдено дека Мбакве потпишал договор за сезоната 2013-2014.
После одличната сезона во Виртус Рома со просек од 10.6 бода и 10.1 скокови по натпревар, на 6 јули 2014 Мбакве потпишал договор со германскиот клуб Бамберг за сезоната 2014-2015. Тој одиграл 41 натпревар за Бамберг во Бундеслигата со просек од 10.3 бода 7.4 скокови помагајќи му на Бамберг да ја освои титулата.
На 1 јули 2015 година, тој потпишал тригодишен договор со израелскиот клуб Макаби Тел Авив, меѓутоа после само една сезона, тој се разделил со Макаби. На 6 јули 2016, Мбакве потпишал едногодишен договор со шпанскиот клуб Уникаха, но два месеци подоцна, клубот го раскинал договорот откако тој неуспеал да ги помине медицинските тестови. Пропаднатиот трансфер во Уникаха го искористил рускиот Зенит Санкт Петербург кој на 3 ноември 2016 потпишале договор со Мбакве. На 6 јуни 2017 година, Зенит објавиле крај на нивната соработка со играчот.
На 27 јули 2017, Мбакве се вратил во Италија потпишувајќи договор со екипата на Ауксилиум Торино.
Титули Бамберг Германско првенство (1) : 2014-2015
Макаби Тел Авив Куп на Израел (1) : 2016
Наводи
Надворешни врски
Тревор Мбакве на Eurobasket.com Тревор Мбакве на Euroleague.net Тревор Мбакве на RealGM.com
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Нигериски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Играчи на КК Бамберг Категорија:Играчи на КК Макаби Тел Авив Категорија:Играчи на КК Ауксилиум Торино Категорија:Родени во 1989 година