мини|десно|350п|Поглед на високиот дел на Витачево
Витачево — висорамнина во Тиквешијата, во јужниот дел на Македонија. Се протега во правец југозапад-североисток, во должина од 15 км, меѓу реките Бошава на југ и исток, Тиквешкото Езеро на р. Црна на запад и Тиквешката Котлина на север. Зафаќа површина од , со средна надморска височина од 800-1.000 м, издигајќи се 500-600 м над околните предели.
Висорамнината настанала со напластување на вулкански материјал (обично туфови) од избувите на вулканизмот на Кожуф.
Жариштето на поранешниот вулканизам се наоѓало од западната страна на Кожуф, долж денешната граница со Грција, кајшто се зачувани повеќе вулкански купи. Подрачјето се одликувало со кисел и избувен вулканизам со поголем обем на исфрлени андезитско-дацитски лави и пирокластичен материјал. Значителен дел од наталожениот материјал е однесен во поново време, а површината на некогаш многу попространата висорамнина е значително намалена. Поради неотпорноста на туфовите и оголеноста, Витачево е под многу силна ерозија, со бројни долчиња, долови, свлечишта (на пр. Градот) и други.
Тврдини и археолошки наоѓалишта На подрачјето на Витачево се среќаваат повеќе остатоци од доцноантички тврдини и други наоѓалишта:
Наречено по висорамнината мини|десно|Вештачкото езеро Витачево. На висорамнината е сместен земјоделскиот аеродром „Витачево“, кој има тревна подлога. Аероклуб „Витачево“ — клуб за спортско воздухопловство од Кавадарци.
Цркви
На самата висорамнини се сместени неколку параклиси, цркви во изградба и изградени цркви.
Поврзано ХЦ „Витачево“ Тиквешка Котлина Витач — вид на вино Мариово
Наводи
Надворешни врски Витачево — епизода на документарната патописна серија „Заборавени“ Витачево — маршрута за планински велосипедизам, Bikemap
Категорија:Висорамнини во Македонија Категорија:Општина Кавадарци Категорија:Општина Неготино Категорија:Општина Демир Капија Категорија:Тиквеш