Зелник — традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со сирење, јајца, праз, киселец или мелено месо. Во текот на зимскиот период, зелникот може да биде исполнет со зелка или спанаќ. Зелникот обично се послужува топол и со јогурт.
Освен во македонската, зелникот се среќава и во кујните на другите балкански земји.
Потекло на поимот Поимот „зелник“ потекнува од зборот „зелје“ и се однесува на главните состојки од кои истиот се приготвува.
Слични јадења Зелникот е сличен на јадењето „зелен бурек“ (), коешто е распространето во Турција и Средна Азија. За разлика од зелникот, зелениот бурек се приготвува за празници и фестивали, а се послужува со кефир. Кората и слоевите на зелениот бурек се потенки и полнети со други состојки.
Галерија
Поврзано Бурек Пита
Категорија:Македонска кујна Категорија:Печива Категорија:Пити Категорија:Полнети јадења