Спомен куќа – меморијален музеј на НОБ, се наоѓа на улица „Севастополска“ број 5, Дуќанџик, Скопје. Куќата се наоѓала на десниот брег од реката Серава, и била многу оштетена по катастрофалниот земјотрес во Скопје, а потоа била обновена. Во 1975 година, во неа била отворена музејска поставка со експонати кои сведочат за настаните од НОВ во Македонија.Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 34 Градбата е заведена како културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Севастополска“ бр. 5.
Историска позадина По започнувањето на вооруженото востание во Македонија во 1941 година, покраинското раководство на партијата преземала мерки да се обезбедат услови за работа на партиското и военото раководство. Во Скопје постоеле неколку куќи и станови во кои се чувала партиска документација, се вршеле средби и состаноци, и слично. Кон крајот на 1941 и почетокот на 1942 година, оваа куќа е одбрана како сигурна, бидејќи ги задоволувала условите за илегална работа. Семејството на Гиго Михајловски се вселило во куќата во почеток на 1942 година, и сè до јуни 1944 година, оваа куќа била место за состаноци на партизанските и воените раководители.
Во куќата и во дворот биле изградени скривници за илегалци и за партиски материјали, а техниката била сместена во визбата. И пералната била претворена во скривница, исто така, под двојното дно се криеле материјали.
Наводи
Категорија:Дуќанџик Категорија:Куќи во Скопје НОБ, Севастополска