Мурско Средишќе (хрватски: Mursko Središće, а локално Mursko Središče) — најсеверен град во Хрватска. Градот е дел од историско-географската област Меѓимурје, а административно е дел од Меѓимурската жупанија. Градот воедно е еден од најстарите населени места во жупанијата. Вкупното население на градот според пописот од 2011 година е 3,444 жители, и има вкупна површина од 34 км2. Градот се наоѓа на реката Мур, која е граница меѓу Хрватска и Словенија.
Население Општината Мурско Средишќе имала население од 6307 жители според попсиот од 2011 година: Хлапчина, жители: 676 Крижовец, жители: 631 Мурско Средишќе, жители: 3,444 Пекленица, жители: 1,217 Штруковец, жители: 339
Историско население на градот Мурско Средишќе: 1771 — 412 1802 — 586 1857 — 938 1900 — 1420 2003 — 3600
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место (хрватски)
Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Меѓимурска Жупанија