мини Еванта () или Јупитер XXXIII — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2001 г. од група астрономи при Универзитетот на Хаваи предводена од Скот Шепард, и ѝ е дадена привремената ознака .
Месечината има пречник од 3 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20.465 Мм, завртувајќи полн круг за 598,093 дена со наклон од 143° кон еклиптиката (142° кон Јупитеровиот екватор) со занесување од 0,2001.
Името го добила во август 2003 г. по Еванта, мајка на харитите (грациите) според некои старогрчки писатели.
Еванта ѝ припаѓа на Ананкината група сочинета од повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 19,3 до 22,7 Гм при наклон од околу 150°.
Наводи
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Ананкина група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2001 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Месечини со повратна орбита