Ешерсхаузен () — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри североисточно од Холцминден и 50 километри јужно од Хановер.

Градот претставувал административно седиште на поранешната истоимена општинска заедница.

Географија Местоположба

Ешерсхаузен е опкружен од ридските масиви Ит, Фоглер, Хилс, Хомбургвалд и Елфас, сместен во рамките на Везерското Средногорје. Низ него тече реката Лене, која се влева во Везер кај Боденвердер.

Соседни општини

Подрачјето на градот Ешерсхаузен се граничи на североисток со општината Холцен, на исток со слободните области Ешерсхаузен и Ајмен, на југоисток со општината Лене, на југ со градот Штатолдендорф, на југозапад со општината Холенберг, на запад со општината Кирхбрак и на северозапад со општината Лирдисен.

Градски единици

Покрај самиот град Ешерсхаузен, кон него припаѓаат Шарфолдендорф и Викензен.

Личности Почесни граѓани

Вилхелм Рабе (1831-1910) — германски писател (поч. граѓ. од 1901 г.) Ханс Шајберт (1887-1969) — основач на фабрика за чамци (поч. граѓ. од 1967 г.)

Наводи

Надворешни врски

Страница на општинската заедница Ешерсхаузен-Штатолдендорф

Категорија:Холцминден (округ)