Ол Доињо Ленгаи — активен стратовулкан, најмладиот во планинскиот масив Вирунга, еден од бројните активни и заспани вулкани, расфрлани по должината на Источноафриканскиот расед. Вулканот се наоѓа во Северна Танзанија над алкалното езеро Натрон, на 160 километри од Килиманџаро и на 70 километри од границата со Кенија. Од неговиот врв често се слушаат експлозии, што потврдува дека вулканот е во активна фаза. Ол Доињо Ленгаи е еден од најпознатите вулкани на планетата со единствена според вид на лава. Тој е исклучително непредвидлив, а квалитетите на лавата често ги збунуваат вулканолозите од целиот свет.. Масаите вулканот го нарекуваат „Божја планина“ или „Планина на црниот бог“Ol Doinyo Lengai, The Mountain of God/2011Volcano Discovery/Ol Doinyo Lengai volcano

Параметри

Ол Доињо Ленгаи претставува речиси идеален конус со пречник на основата од 12 километриAlan Robert Woolley – Alkaline Rocks and Carbonatites of the World: Africa. Стрмните и симетрични падини се издигаат од 2.962 метри надморска височина и на околу 2.000 метри над околните територии.. Поради големиот наклон на падините до 42°, неговиот врв е особено тежок за икачувањеJohn Seach Volcano Live/Ol Doinyo Lengai Volcano. Вулканот има два кратери - северен и јужен, а само северниот е моментално активен. Пречникот на горниот раб варира од 270 до 310 метри. Неговата длабочина е 110-122 метри, а карпите се креваат од дното на височина од околу 2/3 од неговата длабочина. Ѕидините на кратерот се спуштаат многу стрмно под агол од не повеќе од 30°. Грлото на кратерот има приближен пречник од 200 метри, а дното зазема површина од 3,26 хектариDavid R. Sherrod (U.S. Geological Survey, Vancouver, Washington, USA), Kisana Mollel (Dorobo Safaris Inc., Arusha, Tanzania), Olemelok Nantatwa (Guide, Engare Sero village, Tanzania) – Oldonyo Lengai: Trip Report March 12 – 14, 2010. Магматскиот резервоар се наоѓа на приближна длабочина од 60 километри, а на врвот има мало лавино. Во фаза на ерупција висината од пепел понекогаш достигнува до 120 километри во пречник, и често се исфрлува карбонатитни тефри.

Геологија

Изградбата на вулканскиот конус започнала пред околу 370.000 години и завршила пред 15.000 години. Потоа следувало периодичното испуштање на натрокарбонатни и неплатински тефри за време на холоценот. Историските ерупции се состоеле од слаби и кратки ерупции, при кои биле исфрлувани мали количества на лава, и останувале само на врвот, а понекогаш и по горниот дел на падините. Ол Доињо Ленгаи се формирал при сложена низа од настани, вклучувајќи експлозивни ерупции на вулкански туфи и агломерација и ерупции на лава.Ol Doinyo Lengai, a unique volcano/Formation & History. Карактеристично за него е ерупцијата на течна лава, која образувала лавино езеро и предизвикала ефузија, како и ерупции од кои бил изграден пепелскиот конус.

На врвот на вулканот може да се видат широки бели ивици кои се исушиле по изливањето на лава од кратерот. Бледосива, светлокафеникава до бела пепел, образувана само од слаби празнења на пареа од бројните солфатари, ги покрива горните падини. Континуираното тресење на врвот ја крие лавата под неа. Постои црна лава низ многубројни мали пукнатини. Постои длабок расед, по кој земјата е жешка. Цврста вулканска лава е варовник богат со калциум, натриум и јаглерод.

Повеќето карпи содржат 10-14% фенокристали и микрофенокристали, вклучувајќи нефелин, егирин, шорломит, меланин, титаномагнетит, воластонит, апатит, малку содалит, титанит и санидин. Се среќаваат исто така и кристален вишневит.

Во 2010 година мерењата на содржината на гас биле направени со користење на рачни уреди. Тие биле спуштени во нискотемпературните пукнатини на врвот на кратерот и не бил откриен јаглерод диоксид. Нулта вредност била добиена при спуштањето во плитки јами во јужниот кратер, од каде гасовите можат да се утврдат. Овие отвори се толку плитки, со длабочина максимум 60 сантиметри, што ветрот на врвот веројатно брзо спречува таложење на каков и да е гас.

Лава мини|350п|ляво|Лава на врвот од вулканот мини|350п|ляво|Отвор со црна лава мини|350п|ляво|Кратерот во јануари 2011 година

Лавата на вулканот е единствена од ваков вид во светот, бидејќи е изградена главно од натриумкарбонати со многу ниска вискозност. Тие се богати со калциум, натриум и калиум, но имаат ниска содржина на Силициум диоксид (SiO2). Лавата е изградена главно од калциум (CaCO3) и натриум карбонат ((Na2CO3)) со слабо присуство на магнезиум. Поради речиси целокупниот недостаток на Силициум диоксид, температурата на лавата е најниска во светот, доста пониска и од онаа на базалтовите видови. Овој тип лава не емитува доволно светлина за да биде видлив во текот на денот, но ноќе сјае во портокалова боја. Нејзината осветленост не е толку силна како онаа на силициумската основа, бидејќи не е толку жешка. Во текот на денот таа изгледа како многу црн мазут или темнокафеава пена, во зависност од содржината на гас во неа.

Во почетокот лавата е црна и содржи кристали кои блескаат светло на сонце. Поради хемиските реакции кои се одвиваат кога лавата апсорбира вода, за околу три часа за време на дожд оваа боја многу брзо и драматично осветлува додека да стане снежно бела. При суво време, само од влагата во воздухот, се одвива истата промена, но побавно - трае помеѓу три дена и неколку недели, во зависност од дебелината на потокот. Во некои делови на кратерот, кои биле неактивни за неколку месеци, земјата е светлокафеава до бела и доста мека. Ол Доињо Ленгаи е единствениот вулкан во светот кој има таква лава со богата содржина на натриумкарбонат. Исклучително течната лава формирала на врвот тврд слој со дебелина од 6 метри, кој произведува трипати повеќе јаглерод диоксид во споредба со други вулкани.

Карбонатитот е карактеристичен за раседниот тип магматизам, а натрокарбонатитот само и единствено за Ол Доињо Ленгаи. При ерупција температурата на лавата е релативно ниска, достигнува до 500°-600 ° СВсе о геологии/Вулкан Ол Доньо Ленгаи. Натрокарбонатитот се среќава многу ретко и тоа само кај вулкани од зоната на раседот, а потеклото на типот лава сè уште останува мистерија. Во оваа зона постоеле и други вулкани од овој тип, но тие одамна се изгаснати. Особено нејзиниот хемиски состав води до исклучително ниска вискозност, која е многу блиска до онаа на водата, односно - ја прави најголема течната лава во светот. Благодарение на тоа, се движи многу побрзо од онаа на останатите вулкани, поради што е исклучително деструктивна и смртоносна.

Хемискиот состав на лавата, испитуван во 2008 година е следниот: Na2O – 32,22% CO2 – 31,55% CaO – 14,2% K2O – 8,38% SO3 – 3,72 % Cl – 3,40% F – 2,50% BaO – 1,66% SrO – 1,42% P2O5 – 0,85% H2O+ – 0,56% MnO – 0,38% MgO – 0,38% Fe2O3 – 0,28% SiO2 – 0,16% TiO2 – 0,02%

Геолошки стадиуми на развој Во 1960 година, Џон Бери Досон го одбележал вулканот и идентификувал 7 стратиграфски елементи што го карактеризират. Од третиот до седмиот, елементите се резултат на ерупции од северниот кратер. Подредени последователно од порано до подоцна, тие се:

Главниот дел од вулканот е составен од туфи и агломерација, кои содржат кристали на нефелин и пироксен и одделни финозрнести честички кои работат како врзивно средство од жолт зеолит, лимонит и карбонати. Потоците на лавата се пирокластични, составени од нефелин и фонолит. Нивната возраст е од 15.000 до 4.000 години На надворешните падини на вулканот се појавиле паразитски конуси и дополнителни кратери кои содржат низи од постараата агломерација. Тие се состојат од туфи и лапил. Други се кристални туфи, кои се состојат главно од лискун, пироксен, нефелин и кристален оливин. На длабоко ерозирална површина на жолтите пирокласти се додадени црните пукнатини и агломерати. Тие се појавиле во долниот дел на планината и високо на западните и северозападните падини. Вклучени се кристални туфи од нефелин, пироксен, лискун и постари туфи, формирани како шепи од нефелин, јолит и фенил. Агломератите и масивните блокови имаат речиси ист состав со додавање уретит и други алкални карпи. Овие туфи се поврзани со пепелта во клисурата Олдувај која е датирана на околу 1.250 година. Се создале три наоѓалишта на надворешните падини на вулканот, претставувајќи меланито-нефелинови формации создадени при течењето на лавата од паразитските конуси. Се појавуваат застанато и скаменето туфи со дебелина до еден метар, се состојат од нефелинови шепи и лискун плочи, цементирање од карбонати. Тие покриваат голема количина дрва и се претпоставува дека нивното уништување се случило при ерупцијата во 1917 година, при што загина голем дел од шумите за надворешни падини на вулканот На северните, западните и јужните падини се појавила лоша зацврстена покривка од пепел и сиви туфи, какви што се забележани и во клисурата Олдувај, 70 километри југозападно. Таму пепелта формирала спектакуларни дини. Нивното создавање му се припишува на ерупцијата во 1940-1941 година. На јужниот ѕид на кратерот се појавиле светлозелени, розови и бели депозити од сода со дебелина до 6 метри. Се верува дека е формирана за време на ерупцијата од 1954-1955.

Северен кратер

Длабочината и морфологијата на северниот кратер се сменила драстично во текот на серијата ерупции, започнувајќи од стрмните ѕидови на кратерот, и достигнувајќи до околу 200 метри длабочина во средината на XX век, и се стигнало до плитките платформи кои денес пополнуваат дел од него. Пред некое време било потребно спуштање до кратерот до 100 метри за да се достигне до неговото дно.

Во денешно време, кратерот редовно се полни со лава, а неговите ѕидови се распаѓаат до езерото. Во 2010 година лавата не била видлива, а дното било попрскано со камени остатоци, од кои некои имаат импресивни димензии. Нова, раскошна лава, над која не се наоѓа пепел, зафаќа околу 1,37 хектари, или 40% од дното. Тука е и најмладиот конус - хорнито. Лавата полека се лизга низ пукнатините, надувајќи ги дупчените прскања и слоеви едни врз други. Исто така се излева и преку една мала пукнатина во едниот крај на врвот на вулканот и при бавното стационирање на лава во една иста точка, постепено се формирало дебел шуплив конусен столб, наречен хорнито. Тој не се издига над главниот вентилатор, туку е странично поставен. Принципот на неговото формирање е ист како и секој вулкан. Таквите столбови можат да достигнат висина од неколку десетици метри, но нивните животи не се долги. Засега, на врвот има неколку такви скали со различни големини и висини.

Во близина на големиот конусен столб се формирале прекрасни сталактити со должина од нешто над 2 метри. Тие можат да бидат формирани на два начина. Првиот е кога нивото на лава се искачува доволно високо, при нејзиното исфрлање нагоре, достигнувајќи до сводот. Вториот е доколку лавата биде исфрлена од хорнито и во пукнатините во сводот на пониско сместена пештера започне капка по капка да се впива надолу. Бидејќи вулканската лава е речиси водена густина, доволно е лесно да се пробие преку многу мали пукнатини.

На дното на кратерот може да се слушне и најмала бучава. Звукот го издава плискањето на лавата во малите отвори со чести барабански удари. Има мал мирис на водороден сулфид..

Јужен кратер

Јужниот кратер, кој не е активен, е исполнет со вулканска пепел и со дополнителни мали и плитки кратерски отвори со пречник до 1,5 метри. Нивниот број е над 200. Се претпоставува дека се појавиле како последица од еруптивната активност на вулканот во 2007 година.

Вулканска активност

Кај Ол Доињо Ленгаи се забележуваат фази на експлозивна активност, при што составот на лава може да содржи многу повеќе силикатни материјали кои ја зголемуваат нејзината вискозност. Во оваа фаза, нема течна лава, а активноста се претвора во ерупција на пепел придружена со исфрлање на вулкански бомби од различни големини. Сепак, почетните фази на експлозивни ерупции може да вклучуваат силни лавини фонтани.